Нови фотографии од забавниот парк на Студио Гибли кој треба да се отвори на 1 ноември во Нагоја, Јапонија ви даваат можност да ѕирнете во магичниот свет на Гибли и неговите атракции. Фотографиите излегоа на социјалните мрежи и покажуваат дека фокусот на паркот е на помали атракции и архитектура од филмовите како Доставата на Кики, Движечкиот замок на Ол, Принцезата Мононоки, Мојот сосед Тоторо и Патување со душите.
Големиот магацин ќе има соби во кои се рекреирани сцени од иконските филмови на Гибли, што значи дека ќе можете да се сликате во воз со No Face, седите во бар со Тоторо, да добиете работа од Јубаба или да влезете во Автобусот на мачки. Потоа ја има и шумата Дондоко во која се наоѓа реплика од куќата на Сатсуки и Меи.
Со отворањето на границите и тоа што Јапонија повторно прима интернацинални туристи, креаторите очекуваат 1.8 милиони посетители годишно.