Следниве фотографии изложени на Adorned – The Fashionable Show, изложба која се одржа во февруари и почеток на март во фотографскиот музеј во Амстердам, ги допираат разните аспекти на убавината и модата низ светот.
Александра Лис, од серијата „Момчиња од Хонг Конг“
Портретите на фотографката Александра Лис од момчиња и мажи во Хонг Конг ги адресираат погрешните претстави околу мажественоста и атрактивноста. Таа вели дека мажите од Азија се соочени со многу предрасуди и преовладува претставата дека се помалку атрактивни и феминизирани. Со серијата фотографии Лис сака да ја претстави азиската убавина и да му покаже на светот дека стереотипи се само стереотипи.
Џовани Кораби и Роберто Орту, од серијата „Сардинија“
Лондонскиот фотограф Џовани Кораби и италијанскиот креативен директор Роберто Орту ја истражуваат модата, миграцијата и идентитетот во Сардинија за да покажат како местото еволуира и се трансформира поради тоа што се формираат нови заедници на островот. Тие поминале две недели патувајќи низ островот, а серијата фотографии, како што велат, е признание за бунтовните млади кои живеат на островот и се активни учесници околу правецот во кој се движи културата, некаде помеѓу традицијата и модерното.
Мухамед Абдун
Либанскиот уметник и фотограф прави хроники од периферните заедници во Далечниот Исток. Користејќи пријатели и случајни минувачи тој ја визуелизира историјата на едно место и култура што на површината се во конфликт едно со друго.
Ариел Боб-Вилис, од серијата „Њу Џерси“
Ариел Боб-Вилис е фотографка од Њујорк која ја предизвикува модната фотографија со колоритни слики во кои моделите позираат насекаде, од Бруклин до Њу Џерси и Њу Орлеанс. Таа вели дека неприродните тела обвиени во боја се набрани и напнати, во контраст со средината и со материјалите (или со предметите) што ги покриваат.
Хејдар Пичон, од серијата „Фамилијарна работа“
Фотографот од Флорида работи за модните магазини како L’Officiel Hommes но неговата серија „Фамилијарна работа“ е со многу полична перспектива. Инспирација за оваа серија е неговата баба која го преживеала Холокаустот, а се изборила и со сиромаштија и рак. Овие фотографии се дел од проект во кој Пичон рекреира реклами од луксузни брендови со главни улоги од неговата фамилија во разни пози.
Џастин Дингвал, од сериите „Албус“ и „Место на софрата“
Што значи да си убав/а? Ова е прашањето што фотографот Џастин Дингвал го поставува во неговите серии „Албус“ и „Место на софрата“ за да покаже поголема транспарентност на нековенционалната убавина, како на пример естетиката на витилигото или албинизмот. Според него овие фотографии не се за раса или мода, туку за субјективната перцепција за убавина.
Извор: www.theguardian.com