За многумина фотографијата е хоби. Повеќето професионални фотографи користат DSLR фотоапарати и скапа опрема. Сепак, има многу кои се потпираат на нивните паметни телефони и нивните можности. Денес, телефонските камери се доволно добри за многу работи, а исто така, постојат и апликации кои им помагаат на фотографите. Еве ги едни од најдобрите апликации за фотографија:
За разлика од другите апликации за обработка на фотографии, нуди нова и ажурирана содржина секој месец, покрај редовните, секојдневни опции и алатки за обработка на фотографиите, како што се светло, контраст, боја, тон, острина и тн. Со апликацијата Afterlight, може да ги подобрите вашите фотографии со филтри за прилагодување. Може да создадете уникатни текстури, светлосни протекувања и двојна експозиција. Може дури и да додадете текст, уметнички дела и рамки на вашите фотографии. Има едноставен дизајн и за само неколку секунди може да го добиете посакуваниот ефект, брзо и лесно.
Ако сакате да имитирате разни типови на аналогни филмови на некои од фотографиите на вашиот паметен телефон, Filmborn е одличен избор. Работи како бесплатна апликација за фото-камерата на телефонот, па дури и на онаа за селфи. Не само што ви овозможува брзо и лесно да едитирате фотографии, исто така едуцира за некои основи во фотографијата, додека ги истражува алатките и техниките во апликацијата. Едноставно оваа одлична апликација за фотографии сака да ве натера да сакате аналогна фотографија и да станете подобар фотограф. Симнете ја апликацијата, сигурно нема да ве разочара.
Бесплатна апликација, која ви ги нуди сите алатки што ви се потребни за ефективно уредување и обработка на фотографии. Станува збор за апликација на Google со моќни филтри за уредување фотографии на вашиот телефон или таблет. Некои сметаат дека Snapseed е одговор на Instagram, но намерата е да биде дел од континуираниот напор на Google за подобрување на неговото уредување на фотографии. Целиот процес на едитирање е едноставен. Може да експериментирате со прилагодувањата и алатките. Изберете фотографија од вашиот албум со фотографии или направете нова фотографија, бидете креативни и забавувајте се.
За сите кои сакате црно-бели фотографии, Carbon е идеалната апликација која мора да ја имате. Вашата камера автоматски фотографира во боја, па ова е за сите оние кои сакаат да бидат малку поартистични. Оваа апликација е создадена од неколку фотографи и нуди прекрасни монохроматски филтри. За разлика од грубите филтри кај некои други апликации, Carbon е навистина зачудувачка и може да направи многу различни стилови. Додадете текстури на фотографиите, како зрно, за да добиете совршени фото-ефекти. Креирајте елегантни и уметнички фотографии брзо и лесно.
Slow Shutter Cam е за фотографи кои сакаат да експериментираат со нешто ново и да направат уметнички фотографии. Како што кажува самото име, ќе ви овозможи да ја забавите експозицијата на вашиот телефон, и да направите фотографии со долга експозиција. Со оваа апликација, може да фотографирате светлечки патеки од автомобили што возат на темна улица, огномет, да направите мазна фотографија од водопади, реки… За секаков вид фотографии направени со долга експозиција, многу е важно да имате статив, кој ќе ви помогне да ја стабилизирате фотографијата. Иако не е бесплатна и чини 2 долари, вреди да се симне.