Кожата околу очите e почувствителна и поподложна на создавање на линии и брчки поради надворешните влијанија на лицето и секојдневните микро движења со што се губи природниот колаген.
Smart Clinical Repair Wrinkle Correcting Eye Cream e дизајниран за зајакнување на нежната кожа околу очите, правејќи ја посилна и видливо помазна и поотпорна. Помага при видливо измазнување на фините линии, го зајакнува природниот колаген околу кожата, ја враќа природната структура на кожата и ја намалува појавата на брчките предизвикани од секојдневните микро движења на лицето. Обезбедува моментална и долготрајна хидратација.
CL1870 Peptide Complex е експертска мешавина на пептиди дизајнирана да се бори против појавата на фините линии со зајакнување на природниот колаген, кој помага да се зајакне природната потпорна структура на кожата.
Sigesbeckia orientalis е моќен екстракт од проколаген што и помага на кожата да ја одржи природната густина.
Хијалуронската киселина е интензивен навлажнувач што помага при висока хидратација на кожата. Помага во обновувањето на еластичноста и видливо го измазнува подрачјето околу очите.