Вечерва, со почеток од 19:30 часот на платото пред Дом на АРМ, во организација на Кафе и филм КОТУР ќе започне овогодишното осмо по ред издание на фестивалот на филм и музика ЅИРНИ. Филмската програма се отвора со три скопски премиери на филмовите „Раѓање“ од Милена Витман, „Клупа“ од Трифун Ситниковски и „Вошки“ на Розе Симоновска. Фестивалот ќе се одржи од 28 Септември до 5 Октомври на платото пред Дом на АРМ и во Кафе и филм КОТУР . Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на SИРНИ (www.dzirnifestival.com).
Влезот за сите проекции е слободен, но поради ограничениот броj на седишта потребно е да подигнете билет од КОТУР . Овогодишното жири кое ќе одлучува за најдобри филмови во официјалната селекција се Василис Терзополус – главен програмер на интернационалната селекција на филмскиот фестивал за краток филм ДРАМА од Грција, Сара Климоска – актерка и режисерка, Дарко Набаков – актер, историчар на уметност и извршен директор на фестивалот за креативен документарен филм Македокс.



Жирито кое ќе одлучува за најдобар филм во студентската селекција е: Тамара Ристоска – актерка, Атанас Велкоски – снимател и ко-селектор на кратка програма на ИФФК Браќа Манаки и Игор Христов – режисер.Програма за ПОНЕДЕЛНИК [29 Септември]
Локација: Дом на АРМ
19:30 | Официіално отворање на фестивалот
19:45 | Филмски проекции
РАЃАЊЕ / Милена Витман / 18’
КЛУПА / ТРИФУН СИТНИКОВСКИ / 19′
ВОШКИ / РОЗЕ СИМОНОВСКА / 12’
Life After a Lifetime and Endless Rebirths / LEART RAMA / 18’
Over the Threshold / Tara GAJOVIĆ / 15’
No Skate! / GUIL SELA / 24’
По секоја филмска проекција следува разговор со присутните автори модерирани од Мартина Петреска и Ханис Багашов.
Локација: Котур
21:00 | Музичка селекциjа: Soul Case / Бојан Јанев




