Култната „Лео“ од Калиопи доби преработка од Кики Мукаетова, позната од детскиот серијал „Дајте музика“ и по учеството на јуниорскиот евросонг минатата година како дел од Green Forces. Во нејзин автентичен стил песната носи едно ново искуство, а сепак не носи назад во времето. Спотот е снимен на повеќе локации низ Скопје и совршено го отсликува патувањето на Кики со „Лео“ и ни ја дава нејзината верзија од приказната. На нејзиниот блог за песната Кики напиша:
„Идејата за изборот на кавер за „Лео“ дојде некаде во март 2022 година. Авторите на оригиналната верзија од 1986 година сакаа автентичност во преработката а истражувајќи на темата дознав и зошто. Калиопи ја ОБОЖУВАМ! Мојата генерација често ги пее „Обои ме“, „Црно-бело“, „Дали ме сакаш“, но не знаев дека „првиот успешен сејугословенски хит“ – како што се нарекува „Лео“ – ѝ ја донел на Групата Калиопи наградата за најдобра интерпретација од страна на југословенски новинари на фестивал во Опатија во 1985 година. За таква дива и таква награда навистина мораше да се задржи автентичноста! Калиопи, ти благодарам за довербата“, напиша Кики.
Во прилог слушнете ја песната.
Музика: Григор Копров
Текст: Ромео Грил
Аранжман оригинален: Мато Дошен
Преработка: Александар Митевски
Продукција: Вертиго Вижуалс
Стилистка: Бојана Максимовска