Перформансот „Срам“ на независната уметница Ангела Стојановска вечерва во 20 часот ќе биде изведен во „Јавна соба“ во Скопје.
„Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја“, вели Стојановска.
Перформансот е развиван во рамки на платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско – испробување на феминистички иднини“.
Стојановска е авторка и изведувачка на перформансот. Креативни соработници се режисерот Милош Б. Андоновски и драматругот Ева Камчевска. Поддршка низ креативниот процес дадоа Викторија Илиоска, изведувачка и кореографка и Билјана Радиноска, режисерка.
Извршна продуцентка е Емилија Чочкова, костимите се на Раде Василев, сценографијата е на Мартин Манев, а техничката поддршка е на Филип Христовски.
Перформансот трае 60 минути.