Британската компанија Lush – fresh handmade cosmetics со години е светски лидер за производство и продажба на свежа, рачно направена козметика, но и гласноговорник и активист за многу сериозни прашања, што имаат голема, општествена одговорност и кој не засегаат сите. Ангел Јошев, бренд менаџерот на Lush Macedonia, ни раскажа за моменталната состојба во нивната компанија и новитетите на кои напорно работат и кои не очекуваат во блиска иднина.
На крајот на минатата година компанијата Lush,во сите 52 земји каде се пласирани нивните производи, ги напушти социјалните мрежи, во знак на протест против негрижата за безбедноста на корисниците. Може ли да ни ја објасните оваа одлука и да ни кажете каде сега се пласираат новитети и понудите?
Една од нашите најпознати групи на производи се бомбите за во када. Токму тие се креирани за луѓето да се “исклучат“ од секојдневието, да најдат време за себе и да се опуштат. A социјалните медиуми станаа нешто сосема спротивно од оваа наша идеја.
Исто така, недостатокот од законска регулатива за социјалните медиуми ги прави небезбедни. Се додека тоа не се промени, Lush ќе остане одјавен од Instagram, Facebook, Snapchat и TikTok.
Lush постојано организира најразлични фондови, донира пари и испраќа најразлични активистички пораки, во однос на различни погодени категории. Постои ли мотивираност на вашите купувачи да се дел од вашите кампањи и заеднички да ја подигнете општествената свест?
На поголемиот дел од клиентите им е важна и приказната и луѓето коишто се позади производот. Тука би споменал една од таквите соработки на Lush и ReWrap.
ReWrap е задруга во Мајсор, Индија којашто за нас произведува торби и марами од 100% фер тргуван органски памук. На торбите го принтаме култното лого за борба против тестирање на животните, а марамите се со најразлични дизајни. Со купувањето на било која торба или марама не само што придонесувате за фер тргување со органски памук и подигнување на свеста за борбата против тестирање на козметички производи врз животните, туку и ги подржувате и напорите на ReWrap кои ги поттикнуваат и охрабруваат жените во Индија да бидат независни и им нудат обука и вработување за рачно да изработуваат одржливи текстилни производи (https://youtu.be/ZVny6rAqDRs) .
Покрај внимателно одбраните, природни состојки од кој се создадени сите Lush продукти, секое пакување има налепница со името на вработениот кој го направил тој продукт и кратка порака. Какви други форми на интеракција имате со вашите купувачи?
Lush Times е весникот во кој ги споделуваме сите патувања поврзани со пронаоѓање и купување на состојките, инспирациите за производите, сите нови изуми во козметиката, актуелните кампањи и политики на компанијата.
Ние се гордееме со нашите производи и затоа ги ставаме на нив лицата на луѓето коишто го изработиле производот. На секое од пластичните кутивчиња од нашите производи има и порака клиентите да ни вратат 5 чисти кутивчиња. Тие се направени од 100% рециклирана пластика и ние повторно ги ставаме во кругот на рециклирање, а за возврат ги наградуваме нашите клиенти со свежа маска за лице. Заедно рециклираме, се наградуваме и се грижиме за почиста животна средина.
Кои нови производи се дел од понудата што ги имате оваа сезона во продажба?
Во моментов имаме повеќе празнични колекции. Сеуште се актуелни: Велигденските производи, колекцијата за Бајрам и за Денот на мајката, нови пролетни производи и производи за Денот на таткото. Од Јуни ќе имаме и цела нова колекција од кните за коса, кремите за лице ќе бидат со нови само-одржувачки (self-preserving) формули и очекуваме целосно нова колекција на производи за миење на заби во форма на таблети и желеа.
Кои производи се бестселери кај нас?
Од производите за лице најпродавана е маската Beauty sleep, направена со состојки како вербена, валеријана и лаванда кои покрај тоа што ја смируваат кожата го смируваат и умот, а е збогатена и со органски масла и свежи сокови за смирената кожа да биде длабински хидрирана, свежа со здрав сјај. Тука би го спомнале и Vanishing cream, лесен крем за лице кој брзо се впива, совршен за матитање на Т-зона и за кожа склона кон акни.
Од производите за коса би ги издвоиле:
Wasabi Shan Kui – шампон со васаби, кофеин, кристали од ментол наменет за тенка коса и за коса која има проблеми со опаѓање, го поттикнува растот и го зајакнува влакното од коренот до врвовите.
Candy Rain регенератор за коса богат со млека и масла од макадамија, бразилски орев, масло и крем од кокос и лешник кои го омекнуваат влакното и ја прават косата свиленкаста, здрава и полна сјај.
На нашата онлајн продавница сите љубители на природната рачно изработена козметика може да ги прочитаат сите информации за производите, ве очекуваме на www.lush.com.mk