Олимпискиот натпреварувач во скокови во вода од Велика Британија, Том Дејли не е само олимписки освојувач на златен медал – тој е и мајстор во плетење. Дејли беше забележан на трибините како плете цела недела, откако освои златен медал во машката конкуренција на 10 метри.
„Единствено нешто што ме држеше на нозе во текот на целиот овој процес е мојата љубов кон плетењето.“
Една од неговите последни креации е џемперот кој на задната страна го има логото на британскиот тим, на рамената го има знамето, а на предниот дел зборот TOKYO на јапонски!
27-годишниот спортист започна со плетење минатиот март за да се справи со рестрикциите поради коронавирусот, создавајќи страница на Инстаграм за да ги сподели своите креации со фановите. Со својата страница на Инстаграм @madewithlovebytomdaley која има веќе милион следбеници, Дејли собира пари за добротворната организација која дава поддршка на болните со рак, во спомен на неговиот покоен татко, Роберт.