Со фитнес почнав да се занимавам… пред 13 години започнав да работам со многу љубов, со цел да влијаам на свеста за подобро здравје на што повеќе девојки, мајки, жени!
Најголема мотивација за да продолжам со мојата работа ми дава… огромната бројка на задоволни и среќни вежбачи, нивен променет начин на живот. Работата ми дава многу слобoда за квалитетно време со моето семејство и тоа исто така ми е голема мотивација.
Омилен рецепт за здрав оброк… омилени ми се сите видови на благи и солени палачинки,кои ги готвам со здрави намирници. Рецептите можете да ги погледнете кај мене на мојот Инстаграм профил (@elenabubalo).
Омилен “cheat” оброк…паста, па макар била, со сирење и кечап, како од нашето детство.
Кога некој нема мотив за да започне со здрава исхрана и физичка активност треба… да ми се јави да му кажам неколку реални реченици и да си даде шанса, да почне со еден час пробен час. Толку! Зараза!
Социјална мрежа што не ја користам… не користам,Твитер и Тик ток.
Кога сум нервозна и лута најчесто… одам во сала и за еден час, се враќам назад, како нова, заборавам за што сум била нервозна.
Најубаво место во Скопје… нашиот двор.
Најслободна се чувствувам… кога сум со саканите!
Сакам моите деца да пораснат во… стабилни личности, да знаат што се семејни вредности и да се сложни меѓу себе. Да се грижат за своето здравје и иднина.
Да се грижиш за своето здравје значи да се грижиш подеднакво за своето ментално и физичко здравје, тоа да е животен стил, а не нешто што ќе трае два месеци. Значи да најдеш баланс!
Денот ми почнува со… утринско кафе и припрема на оброци пред 07:00часот.
.
Најважна работа што ја научив од пандемијата на Ковид 19… е дека сум трошела повеќе време од што треба за неважни средби, кои не ми донеле апсолутно ништо во животот, тоа време сега се троши само дома!