Ксиао Јанг е фотографка кој потекнува од Кина – Пекинг, а моментално живее и работи во Шпанија. Патувањата низ светот и фотографирањето се нејзиното најголемо хоби и играат многу важна улога во нејзиниот живот, досега има посетено повеќе од 40 земји во светот. Главниот фокус на Ксиао Јанг е на ноќната фотографија, урбаното истражување и „сликањето“ со светло. Комбинирајќи ги трите, таа создава надреални уметнички дела кои личат на сцени од научно-фантастичен филм. Особено ја привлекуваат напуштени згради и бетонски споменици, места кои се празни и тивки во темнината.
Неодамна го посети балканскиот регион и создаде извонредна колекција фотографии базирани на претежно напуштени споменици на поранешна Југославија и ја нарече „Илузија во урнатини“.
Погледнете го нејзиниот уметнички пристап кон овие споменици: