Ида Блажичко е мултидисциплинарна уметница, чии делаа се изложуват насекаде во
светот. Македонската јавност ќе има можност да го види нејзиното дело „Облак“ , импресивна, уметничка инсталација која ќе го краси трговскиот центар Ист Гејт Мол, кој од овој петок ќе почне со работа и ќе биде дел од животниот стил на илјадници луѓе.
Македонската јавност ќе има можност да ве запознае, преку вашето дело, уметничка поставка во новиот грандиозен Ист Гејт Мол. Може ли да ни кажете нешто повеќе за делото?
Во мојот досегашен опус, имам работено со многу широк спектар на формати за изведба на моите дела, од минијатури, до еколошки продукции со огромни димензии, како што беа јавните скулптури изложени во Италија или Кина. Секогаш ми е голем предизвик и неизбежна импресија, дека во монументалната комплексност, може да се
насетува, да трепери кршливост, што на прв поглед е неспоива со монументалноста. Уметноста отсекогаш ја отелотворувала врската помеѓу луѓето и животната средина, а природата била неисцрпен извор на инспирација за нас уметниците. Во трговскиот центар Ист Гејт Мол дополнително ги артикулирав идеите за важноста на уметноста
во обликувањето на нашата животна средина, преку создавање на нови големи инсталации и извонредна атмосфера, преку ефемерното присуство на времето, заедно со материјалната тактичност.
Вашите уметнички поставки биле изложувани во многу земји во светот. Што е пораката на вашите дела и какви работи ве инспирираат?
Сакам да работам во голем простор, бидејќи тој прави да се чувствуваме и поголеми и помали. Верувам дека јавната уметност, може да поттикне промени во однос на животната средина, додека во исто време разбирањето и интеграцијата помеѓу уметноста, науката и технологијата, може да придонесе за образованието. Моите дела одговарајќи на непредвидените места каде што се создадени, ги потопуваат гледачите во едно искуство кое е поетско, но истовремено висцеларно и книжевно.
Повеќето од вашите скулптури и инсталации имаат нежна форма, а вие негувате женствен израз на творење. Кој дел од женската природа за вас е
најинспиративен?
Скулптурите се визуелно прекрасни, а истовремено монументални и изненадувачко интимни. Делата произведуваат синестетички нанос и без напор ги вклучуваат нашите сетила. Многу од моите скулптури истражуваат ангажман со женственото, односно како се поврзуваме со допирот, материјалноста и телото. Одговарајќи директно на локациите во кои тие живеат, моите инсталации докажуваат сензуално разбирање на материјалот што ја издигнува обичната материја до неискажливото.
Некое време работите на поставката во Ист Гејт Мол, па какви се вашите впечатоци за нашата земја?
Да имав можност да го гледам Ист Гејт Мол, додека се градеше и бев фасцинирана од архитектурата и убавината, како и од едноставноста на формата. Инспирацијата беше непосредна, како и љубовта кон Скопје и неговите луѓе. Соработката беше прекрасна, а низ целиот процес на работа запознав многу инспиративни, љубезни и грижливи луѓе. Се чувствувам како дома и ќе продолжам да се враќам во Скопје. Овој град лесно навлезе под моја кожа.
Работите со различни материјали, што ви е најважно кога избирате конкретен материјал за работа?
Скулптурата започнува да се создава уште на првиот состанок на избраната локација. Изборот на материјалот секогаш е воден од идејата што е зад делото. Нежните структури се направени од текстил што сугерира нематеријалност, кревкост и минливост, тие се проѕирни, меки и еластични, а сепак неверојатно стабилни и отпорни, неделиви од просторот на кој се прилагодени и со кој влегуваат во дијалог.
Скулптурите и нивната комбинација од светлина, простор, материјал од кој се изработени, му даваат на гледачот цела нова димензија на гледање на
просторот каде што се изложени. Која е пораката што вашиот „облак“ ќе ја испрати изложен во Ист Гејт Мол?
„Облакот“ воспоставува траен дијалог со просторот и на набљудувачот му предизвикува поинаква визија за просторот што го опкружува, различен вид на размислување. Од првото чувство и доживеаната атмосфера, во текот на еден континуиран процес, се постигнува тотален наплив и систематски се динамизира погледот на набљудувачот. Преку речиси дематеријализирана, рефлексивна форма која постулира празнина, отвореност, метаморфоза и нетелесно, преку погледот нагоре и нанадвор, се негираат цврстите граници на просторот. Тоа е небото, погледот нагоре, кон височините, кон бесконечното што ми е најголем предизвик како метафора за неограничени можности.