Жителите на Барселона можат да прават размена на своите возила за карта за градски превоз, зелена Т-вердa, со која ќе можат неограничено да патуваат со трамвај, метро и автобус во времетраење од три години.
Барселона има одредено педигре кога се работи за мерки да се користат помалку автомобили. Веќе некое време има денови без автомобили, градскиот превоз е почест и со повеќе линии, се воведоа зони на ниска емисија на гасови од авотмобили, а сега властите отидоа и чекор понатаму. Жителите можат да го заменат својот стар автомобил за бесплатна карта за јавен превоз која ќе важи три години, што е прилично добар начин за да се поттикне користење на јавен превоз.
Зелената карта Т-вердa овозможува неограничено бесплатно патување со метро, трамвај, автобус и сигурно е дека станица може да се најде во непосредна близина на местото на живеење и дестинацијата.
Мерката започнала во 2017 година, а досега се издадени околу 12.000 зелени карти, што резултирало со намалување од 10.613 автомобили и 1.735 моторцикли. Повеќето барања за зелени карти се совпаднаа со законот за ниска емисија на гасови што почна да се применува од почетокот на 2020 година и предвидува рестриктивно возење на автомобили кои многу загадуваат, од понеделник до петок од 7 до 20 часот.
И во други европски градови почнува да се применува мерката за замена на старите возила. Во некои делови на Франција и Финска за старото возило може да се добие електричен велосипед, а во Луксембург јавниот превоз е бесплатен за сите.
Извор: pametni.gradovi.eu