Серијата на BBC и HBO Max која достигна голема гледаност и популарност, „Peaky Blinders“ ќе се заврши со филм, по шестата и последна сезона, изјави за „Варајети“, креаторот на серијата Стивен Најт.
На BFI Лондонскиот филмски фестивал, Најт изјави дека шестата сезона е снимена и скоро целосно монтирана, за премиера во пролет 2022 година, а филмот ќе влезе во продукција во 2023 година.
Иако не се откриваат многу детали, филмот за бандата од Бирмингем, ќе се снима во истиот град и најверојатно ќе биде крајот на патот, заклучок за приказната за „Peaky Blinders“. Најт изјави дека е можно да има „серии поврзани“ со светот на бандата преферирајќи да не го употребува зборот спин-оф.
Серијата ќе ги покрие настаните до Втората светска војна, така што за филмот останува можноста да се фокусира на војната. Сценаристот и креатор Најт отсекогаш бил дециден дека серијата ќе заврши со првата сирена за почнување на војната во Бирмингем во 1939.
Би било интересно да се види како постарите Шелби браќа, ќе мора да ги видат своите синови во време на воен конфликт со оглед на пост-трауматскиот стрес што го имаа доживеано во Првата светска војна.
Исто така знаеме дека Најт сака да го „искупи“ Томи Шелби до крајот на приказната, односно на крајот да биде добар човек кој прави добри работи и покрај
Во однос на екипата се претпоставува дека ќе биде истата, иако не е официјално потврдено (не би било исто ако не глуми Силиан Марфи), а и самиот Пол Андерсон (Артур Шелби) има изјавено претходно дека иако не е сигурен дека филмот би бил добар крај, сепак ако приказната и сценариото е добро тогаш се согласува да глуми и во него.
„Peaky Blinders“ почна да се емитува во 2013 година со приказната за шефот на истоимената банда која вистински постоела во Бирмингем. Во текот на првата половина на 20 век, серијата го следи растот и развојот на бандата, како и светот на нејзиниот шеф, Томи Шелби.
Извор: variety.com