Вториот биошоп на Bellinа за сертифицирана органска и природна козметика се отвара утре во новиот трговски центар Ист Гејт Мол, откако првиот шоп побуди огромен интерес кај потрошувачите. Се работи за модерна продавница со строго определен концепт и највисоки стандарди за производите, кои ќе бидат изложени за продажба. Место, кадешто ќе можете да најдете сѐ за вас и вашето семејство.
По повод отворањето, од тимот на Bellina организираа многубројни изненадувања, попусти и понуди, кои ќе ја направат вашата посета уште повозбудлива. Една од акциите кои ги подготвија е доделување на вредносен ваучер од 500 ден., за секоја продажба од 1000 ден.
На македонскиот пазар Bellina како бренд се појави во 2016-та година и за само 5 години успеа да прерасне во најголемиот увозник и дистрибутер за сертифицирана природна и органска козметика во Македонија и еден од најголемите во поширокиот балкански регион. Моментално во нивната палета може да се најдат над 2000 производи од 33 различни брендови, понуда којашто континуирано се зголемува и надградува. Крајната цел, како што велат од Bellina, не е само да се подобри понудата на козметика на нашиот пазар, туку подеднакво важно и да се крене еколошката свест кај македонските потрошувачи и свеста за грижата за себеси.
Освен традиционалните козметички категории, како нега за лице, тело и коса, во нивната палета може да се пронајде речиси сѐ што ви е потребно во вашето секојдневие, како на пример нега за деца и бебиња, за домашни миленици, козметика за домаќинство, лична хигиена и сл. Секако за секој производ се следи филозофијата на компанијата, која нуди исклучиво природна и органска козметика, најчесто сертифицирана од најреномираните светски сертификатори како Ecocert, ICEA, Vegan Association, Cruelty Free International, Fair Trade и многу други.
Продажната мрежа на Bellina е разнолика, па така нивните производи освен во нивниот биошоп во Капиштец, штандовите во City Mall и Palma Mall и онлајн продавницата www.bellina.mk, можат да се најдат и во дрогериите на ДМ и Космо, супермаркетите Веро и Тинекс, како и на многу други помали продажни локации.
Од утре, 29.10.2021, нивната продажна мрежа се збогатува со уште една прекрасна и модерна локација, во најголемиот и најмодерен шопинг мол во Македонија – East Gate Mall.
Ве покануваат да ја посетите нивната нова локација и да бидете дел од прекрасното искуство и дружење.