Ако сѐ уште се двоумите што да подарите за празниците, сакаме да ви помогнеме со тоа што ви издвоивме неколку локални креативци што изработуваат прекрасни новогодишни подарочиња. Радоста кога се подарува рачно изработен подарок, заедно со оној што подарува и оној што го добива подарокот, ја дели и оној што го изработил. Вредноста на подарокот е уште поголема кога знаете дека е изработен со многу љубов и посветеност и на најситниот детаљ. Секако тука е и уникатната можност да го персонализирате вашиот подарок. Во прилог дел од нашите омилени креативци и нивните профили со магични изработки, совршени за новогодишен подарок.
1.ARTal @aartall | музички кутии
2. Srna Embroidery @srnaembroidery | везови
3.Shea homemade @shea_homemade | природни сапуни и козметички производи
4.Monkdolls @monkdolls | рачно изработени куклички во дрвени рамки и лампиони
5. Art & about @artandaboutpupkova | декоративна керамика