Приказната започнува со тоа што пијана девојка му ѕвони на Дади после журка, а тој
незаинтересиран за неа оди на афтер да се забавува. Во видеото е прикажана целата
атмосфера на афтерот во one take, а потоа Дади, заедно со Дупер, се враќа во назад
во 80ти, со настап во Кино Фросина – МКЦ. На целото дејствие додава зачин екипата
на Битрикс која го краси спотот со нивната кореографија и добра енергија.
Текстот на песната е на Young Dadi.
Музиката е на Young Dadi и Лазар Цветкоски.
Битот, аранжманот, микс и мастерот се на Лазар Цветкоски.
Креативен директор и стилист на спотот е Александра Majestic.
Зад камерата стои Давид Манев.
За косата и шминката се погрижи Бобан Тодоровски.
Погледнете го спотот