Македонскиот бренд Pura Perla кој воедно е еколошки бренд за природна козметика и води посебна грижа за кожата и животната средина оваа сезона нѐ изненади со уште една успешна линија, тоа е линијата за грижа на кожата кај мајки, трудници и бебиња.
Ние ќе ви претставиме дел од производите, а останатите информации може да ги добиете преку нивниот Инстаграм профил.
DIAPER CREAM
формира заштитен слој на бебешка кожа со цел да ја омекне и да ослободи од чешање и дискомфорт уште при првата употреба. Нашата хипоалергена формула создадена првенствено со масла калманти како невенот и камилицата ќе спречат црвенила и иритации на деликатната кожа на пеленска регија. Додадовме и шеа путер и масло од авокадо за да ја нахранат кожата и да спречат нејзино исушување и испукување.
Се нанесува при секоја промена на пелена на чиста и сува кожа.
BABY BATH OIL
маслена купка за бебе
Нежен допир од мајката природа за вашите малечки!
За нашите најнежни потрошувачи го создадовме овој нежен природен производ за сигурна нега на чувствителната детска и бебешка кожа. Сулфосуцинате и коко глукозиде ги одбравме како најнежни сурфактанти на пазарот со цел деликатната бебешка кожа да се измие без притоа да се иритира или исуши. Маслата од невен и камилица ги одбравме за нежна и блага хидратација со смирувачки ефект а пак маслото од авокадо за крај, богато со масни киселини за да ја чува кожата хидрирана и здрава.
BABY FACIAL & BODY CREAM
Крема формулирана со многу љубов и посебно внимание за да ја штити и негува осетливата кожа на децата и на новороденчињата. Состав што вклучува шеа путер и масло од авокадо за да се обезбеди заштита на кожата, како и масла од невен и камилица за смирување на иритации и црвенила. Крема која многу поволно делува и при детски дерматитис.
Се нанесува на сува и чиста кожа секој ден. Доколку кожата е иритирана и дехидрирана, може да се премачкува и по неколку пати на ден.
YOU + BEBE – Путер за трудници за кожа без стрии.
Со какао путер, шеа путер и кокосов путер кои ќе ја заштитат кожата на телото сред бременост, ќе го успорат губитокот на вода и ќе формираат заштитна обвивка. Па така кожата нема да испука сред оваа деликатна состојба на жената и нема да создаде стрии. Збогатен со маслиново масло и масло од авокадо, липофилни емолиенти со чија помош путерот брзо ќе се впие во кожата и ќе ја чува негувана и мека долго време. За најголем ефект препорачливо е да се користи секојдневно а во поодмината бременост и по 2 – 3 пати на ден.