Годинешниот Скопје Прајд 2023 се одржува под мотото „Гласни и горди“ на 24 јуни во сабота. Започнува во 17:00 часот со собирање на учесниците во паркот Жена- борец (спроти Собранието на РСМ). Собирањето ќе трае до 19:00 часот. По обраќањата на активст(к)и и претставници на заедницата, следува маршот низ скопските улици којшто ќе биде придружен со DJ сетови (19:00-20:00).
Скопје Прајд 2023 ќе понуди богата културно-забавна програма, со музички настапи во живо, настапи на дрег кралици од регионот и земјата и DJ сетови. Културно-забавната програма ќе се одржи на Стадиниот на АРМ и ќе започне од 20:30, а ќе трае до 01:00. На прајдот ќе настапува Тамара Тодевска, диџеј сетовите се на Galatheia, Виолета Качакова, Stefan Strange, a меѓу дрег кралиците ќе настапат и Zoi Plastic, Loakiin, Iggy Mona Asentra и Fendy Mama. Повеќе информации за програмата ќе бидат објавувани на https://skopjepride.mk/programa/ како и на социјалните мрежи на Скопје Прајд.