Giorgio Armani со гордост го најавува MY WAY. Блескав мирис од бели цветови, кој отвора ново поглавје на женственоста, креиран со цел да ја покаже посветеноста кон одржливоста.
Овој мирис пренесува силна и единствена порака: „Решена сум да го следам својот сопствен пат“.
Значењето на парфемот MY WAY не е содржан само во неговото име. Тој го изразува влијанието на животните патувања, без разлика дали географски или емотивни, врз креирањето на нашиот карактер, кои го обликуваат луѓето кои ги сретнуваме на тие патувања, како и моментите кои ги проживуваме. Овој мирис не само што успеа да го овековечи љубопитниот дух и поврзаноста, туку и да го соголи и да ја прикаже неговата срж: „I AM WHAT I LIVE”.
MY WAY е доловен од страна на американската гумица Adria Arjona, која дели единствен афинитет кон филозофијата на овој парфем, за кој најдобро сведочат нејзиниот карактер и животниот стил, особено нејзината отвореност кон новите искуства и поврзаноста со другите. Освен тоа што ќе биде амбасадорка на парфемот MY WAY, таа исто така ќе ја претставува и декоративната козметика на брендот. Arjonа ја чека и друг голем проект, како што е филмот од Marvel, Morbius, кој излегува во 2021 година, и кој веќе сите со нетрпение го очекуваат.
„Adria Arjona е авантуристка, модерна жена на денешницата: интелигентна, љубопитна, независна и без предрасуди, способна да го цени секое животно искуство. Таа е навистина граѓанка на свет на кој благодарение на своите единствени искуства и средби, со право може да каже: I am what I live.“, Giorgio Armani
Парфемот MY WAY го претставува освртот во планот на Армани, кој е посветен на смалувањето на влијанието врз околината и борбата против климатските промени: „Верувам дека сите би требале да се посветиме на решавање на еколошките проблеми, сега повеќе отколку било кога. Не можеме да го игнорираме фактот дека иднината на помладите генерации зависи од нашите избори.“, Giorgio Armani
Од употреба на рециклирани материјали и оние кои можат да се рециклираат, преку состојките од одржливи извори, до иновативниот систем на повторно полнење, кои овозможуваат значајно смалување на отпадни материјали, MY WAY најдобро ги претставува еколошките напори на брендот Армани. Благодарение на комбинацијата од овие напори, како и зачувувањето на 650 хектари мадагаскарска прашума, парфемот MY WAY оствари јаглеродна неутралност. Како резултат на новиот петгодишен акциски план, брендот Armani beauty исто така се посветува на понатамошно намалување на влијанието на јаглерод за дополнителни 25%, со цел постигнување јаглеродна неутралност за своите производи до 2025-та година.