Живееме во ерата на Инстаграм. Таму го купуваме нашиот мебел, подароците за нашите пријателите и многу други работи. Кога станува збор за храна, менијата во рестораните се речиси излишни, затоа што нашиот оброк го избираме таму, на Инстаграм. Инспирацијата за нашиот следен оброк е на нечиј профил, па може да се каже дека така и учиме да готвиме.
Гледањето како луѓето готват може да биде терапевтско. Затоа ви откриваме неколку интересни профили на професионални готвачки што треба да ги следите. Некои прават домашното готвење да изгледа луксузно, други прават уметнички дела од храната, а трети нè инспирираат да организираме вечера за пријателите.
Laila Gohar
Лаила Гохар е готвачка од Њујорк, се инспирира од разните животни стилови од минатите децении и крајно модерените. Ја користи храната и како уметнички медиум и како алатка за комуникација, таа ја истражува природата на човечката интеракција создавајќи пригодни, мулти-сензорни настани со многу храна. Често организира настани кои се движат од поп-ап ресторан на тротоар во Њујорк до надворешна кујна изградена во поле. Линк
Julia Busuttil Nishimura
Храната на Џулија е онаква каква што сакате да јадете секоја вечер. Се гледа дека на посебен и уникатен начин ја негува порцијата со домашни тестенини. Оваа австралиската готвачка штотуку ја издаде својата книга за готвење за да можете и вие нејзините јадења да ги приготвувате сами дома. Домашни тестенини, бавно зготвени чорби, совршени колачи и лесни пити. Линк
Melina Hammer
Доколку сте љубител на домашно изработена паста тогаш треба да ја следите Мелина на Инстаграм. Нејзините рецепти за храна се лесни за готвење и лесно можете оброкот од фотографијата да го пресоздадете сами во вашата кујна. Ништо не е премногу фенси, а сепак изгледа примамливо и вкусно. Сопственик е на свој ресторан во Њујорк и финалист на IACP во 2020 година, за најдобра храна на Инстаграм. Заследете ја. Линк
Thalia Ho
Препознатлива е по нејзините чоколадни крцкави колачиња и реките од чоколадо на нејзиниот профил. Готвачка на слатки, Талија Хо ги опишува своите рецепти како „храната и печењето се мојата уметност“. Колачиња со темно чоколадо и тахини, колачиња со парчиња лешници и ’ржани колачиња со горчливо чоколадо, маслиново масло и сол. Изберете го вашиот омилен рецепт и уживајте. Линк
Carter Were
Храната и рецептите на Картер Вер, ќе ве натераат да сакате да се откажете од кариерата и да ги поминувате деновите правејќи храна со намирници од вашата домашна градина. Таа споделуваа фотографии со храна и рецепти кои се лесни за приготвување и здрави, ослободена од егото, дели совети кои и помагаат на нејзината публика на Инстаграм. Искрени совети како да направите јајца на повеќе начини, како се прави леб или некоја идеја за брза вечера . Исто така може да престојувате во нејзиниот имот на каде што, ако порачате, некои од рецептите ќе ви бидат спремни по пристигнувањето. Линк
Linda Ring
Зошто да направите леб кога можете да направите уметничко дело? Тоа го прави Линда Ринг. Лепчиња со кружна форма, сите декорирани со нејзините цртежи. нејзините лебови наликуваат на керамички вазни, sидови од теракота и уметнички слики. Прилагодете се на нејзините приказни за совети и рецепти за печење сопствен леб дома. Или едноставно уживајте во убавината на нејзините креации на нејзиниот профил. Линк