Официјално е! 20-годишнината на Егзит фестивалот ќе се одржи од 13 до 16 август 2020 година! Откако епидемијата веќе заврши во повеќето земји на Балканот, српскиот премиер побара од Егзит фестивалот да не се откаже, туку наместо тоа, да се случи подоцна во текот на летото.
Оваа вест ја размрда музичката индустрија минатата недела и донесе многу надеж за враќање на музичките настани во живо. Новите датуми за 20-тиот роденден на реномираниот српски фестивал конечно се ставени од 13 до 16 август годинава и тие ќе ги следат сите здравствени упатства. Една од мерките е дека капацитетот на фестивалот ќе биде намален, а некои зони ќе останат затворени. Како и да е, највпечатливите места на тврдината Петроварадин од 18 век ќе бидат повторно танц арената и главната сцена на фестивалот.
Продажбата на билетите ќе започне на 1 јуни, а тимот на фестивалот потврди дека огромен број на уметници со кои разговарале, навистина сакаат да настапат ова лето. Многумина од нив веќе неколку месеци беа во изолација од публиката, а на EXIT ја гледаат можноста да им се вратат на своите фанови.
Србија, како и многу други европски земји, ќе ги отвори своите граници без ограничувања или потребни PCR-тестови, така што луѓето од цела Европа ќе можат да дојдат на фестивалот. Организаторите на фестивалот потенцираат дека доколку во случај на повторна епидемија во некои земји во август, посетителите кои доаѓаат од одредена земја ќе треба да поминат преку тест за PCR, кој ќе биде бесплатен или со многу ниска цена. Сепак, српскиот премиер рече дека нивните здравствени експерти очекуваат дека епидемијата ќе биде под контрола во цела Европа до тогаш.
На својата 20-годишнина, фестивалот продолжува со плановите да го започне својот најголем проект за животна средина, наречен LIFE STREAM. Главниот концепт на проектот е да се пренесат делови од фестивалот на нов иновативен начин, со пуштање дополнителни снимки со цитати и информации за моменталната криза во животната средина.