Чистење на лицето со соодветен производ е ритуал што го практикуваме еднаш или два пати на ден, а факт е дека може да се прави дури и кога сме преморени, за да се избегне непријатната глетка од шминка и нови исфрлувања од нечистотии рано наутро. Сепак има неколку митови околу чистењето на лицето, па обичното чистење само со чистач или сапун и вода скоро никогаш не ги дава соодветните резултати, а особено влијае на тоа како лицето ги апсорбира кремите и серумите, како и производите против знаци на стареење. Со развојот на beauty индустријата, иновациите и рутините со неколку чекори важно е да се знае како правилно да се практикува чистењето на лицето и да се разбијат митовите околу истото.
Мит 1: Wash & Go
Кај повеќето типови на кожи не функционира овој совет. Се работи за повеќе од процесот во два чекори, вадење на шминката и чистење пред спиење. Повеќето чистачи не можат убаво да ја исчистат пудрата или основата за шминка, особено околу очите и носот. Заради тоа се препорачуваат чистачи или кремови на основа на масло за да ги разложат и најтврдокорната шминка или СПФ крем. Потоа исплакнете со млака вода и малку чистач за лице на врвовите на прстите.
Мит 2: Миење два пати на ден
Ова правило важи во повеќето случаи, освен кога вежбате, па е важно да се измие лицето после вежбање. Сосема доволно е лицето да се мие наутро со нежен чистач, а навечер е потребно двојно миење, прво со маслен чистач, а потоа со поактивен ексфолијант. Сепак е потребно да се внимава да не се претера со чистење особено кај чувствителната кожа или кај многу сувата кожа каде чистење е потребно еднаш на ден, навечер, за да не се уништат природните масти и липиди и да се појават иритации.
Мит 3: Трикови за затворање на порите
Ритуалите како масирање на лицето или миење со ладна вода за да се затворат порите се само митови. Порите не се отвораат и затвораат, а со температурните разлики може само да се појават проблеми како црвенило и розацеа. Од друга страна, пареата помага да се разложи маснотијата во порите така што убаво е да се мие лицето во текот на туширање. Масажите на лице, пак, даваат само убаво чувство на кожата, ништо повеќе. Вежбањето е тоа што ја поттикнува циркулацијата.
Мит 4: Чистачот треба да одговара на типот на кожата
Иако секогаш бираме производи што ќе ни одговараат на типот на кожа, најважно е при изборот на чистач листата на состојки да не содржи парфеми, парабени или јаки сапуни. Ако чистачот ги исполнува тие услови, формулата како лосион, пена или крем е повеќе наш личен избор. Се разбира, за тие со сува кожа формулата е добро да има и навлажнувачи како глицерин или шеа путер, а за масна кожа најдобри се пенестите чистачи што дават чувство на супер чиста кожа. Најдобро е да се избегнуваат и алкохоли во чистачите зашто и тие може да создадат иритации.
Мит 5: Зрнестите скрабови се најдобри ексфолирачи
Чистачите со салицилна или гликолна киселина се секогаш понежни и поефективни од зрнестите скрабови за лице, а исто така имаат и бенефити против знаците на стареење и против акни. Користење на овие киселини три пати неделно може да донесе резултат како чистење на порите и намалување на нивните дијаметар. Ексфолијација со алфа и бета-хидроксилни киселини (АНА и ВНА) исто така помага во намалување на дијаметарот на порите и темелно чистење на нечистотиите.
Мит 6: Тонер на основа на алкохол
Тонерите за лице на основа на алкохол ги уништуваат природните масти на лицето, па поради тоа подобри се оние понежни тонери што ќе ја смират кожата и ќе ја балансираат Ph вредноста. Иако овој чекор и не е неопходен сепак доколку ви се допаѓа кожата после користење на тонер тогаш бирајте нежни безалкохолни тонери.
Мит 7: Четките за чистење на лице придонесуваат за здрав сјај
Специјалните четки за чистење ги отстрануваат мастите, нечистотијата и мртвите клетки но пречестото секојдневно чистење со четка може да предизвика воспаление. Чистење со четка преку еден ден или три пати неделно без многу притискање на лицето е сосема доволно.
Мит 8: Добрата нега на кожата секогаш чини многу
Цената не е мерило за квалитетот, а подобро е поскапо да ги платите производите како антиоксидансите и ретинолот отколку чистачите за лице кои всушност веднаш ги отстранувате од лицето.