Иницијативата „Херои 2020“ ја започна „Божиновски часовници и накит“ за идентификување на херои во време на Ковид-19 со цел, како што велат, на површина да испливаат вистинските инфлуенсери, луѓето кои се зад рефлекторите, зад сцената, и се клучниот механизам кои нештата ги движи напред.
„Тие херои, барем во оваа криза беа медицинските лица и другите сервисни професии кои секојдневно се трудеа да функционираме оптимално. Ви благодариме на сите за учеството и помошта да се идентификуваат сите скромни и посветени херои. Искрено се надевам дека ваквиот херојски подвизи ќе ги забележуваме и вреднуваме секојдневно, не само во кризни ситуации, а со поголемото внимание кон ваквите херои ќе им дадеме несоборлив аргумент дека нивната иднина е во Македонија, а не надвор. За таа цел, оваа група ќе ја преимениме во #МакедонскиСуперХерои и ќе остане во трајно наследство за сите нас да не ги забораваме сите нови посветени професионалци“, вели Игор Божиновски, сопственик на “Божиновски Часовници и накит“.
„За херои во 2020 година се прогласени:
Д-р Ета Огњанова – Специјализант, анестезиолог на инфективната клиника, за фотографијата која ја покажа целата пожртвуваност на персоналот од оваа клиника. Наградата SWATCH часовник за Огњанова, е награда за целиот тим на оваа клиника, и сакаме со овој часовник кој ќе го носи Ета, да започнат да бројат помирни времиња во нивната клиника.
Д-р Ненад Лазаров – име кое го дознавме за време на пандемијата, но го задржа нашето внимание најпрвин како можеби првиот доктор што гласно предупредуваше за пандемијата, а потоа како иницијатор на 3Д принт Македонија, иницијатива со која се обезбедија визири за целиот медицински персонал во земјава. Вакви инфлуенсери се потребни на нашата земја. Се надеваме дека SWATCH часовникот ќе го инспирира да продолжи да носи минути на надеж во моментите кога ни се најпотребни.
Семејството на Емилија Динева е трет вонреден и можеби најзначен херој во ова време со донацијата на срце кое продолжи да бие и подари живот. Часовникот TISSOT, е многу симболичен и незначаен подарок за големината на гестот на нејзиното семејство, но ние го даваме со огромно внимание и посветеност“, дополнува Божиновски.
Дел од номинираните во предизвикот ќе добијат брендирани подароци од Божиновски часовници и накит, а сите учесници автоматски ќе станат почесни членови на програмата за лојални клиенти и веднаш ќе се стекнат со сите бенефиции на клубот: https://www.bozinovski.com.mk/me&bozinovski