Една супер идеја како да ги направите вашите sидови да изгледаат прекрасно. Дизајнот како акварел слика може да биде вистинскиот избор за вашиот дом да изгледа уникатен и стилски, но во исто време и многу уметнички. Ако сте уметнички тип на личност и сакате да сликате, тогаш овие креативни ѕидови можете да ги направите сами. Сепак овие дизајни се апстрактни, така што не треба да бидете уметник за да ги направите. Ви треба само голема желба.
Чекор 1: Користете гумени ракавици за да ги заштитите вашите раце бидејќи оваа техника може да е малку неуредна. Натопете ја четката или ролерот во бојата која сте ја избрале. Насликајте било каква форма на вашиот ѕид. Користете ја четката за да ја разнесете бојата наоколу и оставете да се исуши неколку минути.
Чекор 2: Користете шише со спреј полно со вода за да го навлажните делот што го насликавте. Испрскајте преку бојата и размачкајте ја бојата наоколу со крпа или сунѓер и извадете го вишокот на боја.
Чекор 3: Повторете ги чекорите 1 и 2, работејќи на мали површини истовремено, за да го добиете посакуваниот изглед преку целиот ѕид.
Oва треба да е оригинално уметничко дело на вашата сопствена креативност, затоа опуштете се, забавувајте се и експериментирајте. Добијте го ефектот што го сакате со тоа што ќе ја пребоите бојата со помош на ролери, вода, четки и сунгерчиња додека не го добиете посакуваниот ефект на акварел. Дел од забавата во овој проект е тоа да го направите сами, и да користите ваши комбинации на техники на сликање за да го добиете крајниот ефект.
Овој нежен и романтичен ѕид можете да го балансирате со некој модерен мебел и да создадете прекрасна фокусна точка во вашиот дом. И најдобро од се е дека ниеден друг ѕид нема да личи на вашиот. Еве неколку примери од кои можете да се инспирирате.