Очилата за сонце се мал но неизбежен моден додаток во секојдневниот изглед, а вистинскиот пар може да ги истакне цртите на лицето, да го освежи стилот па дури и да ве внесе во одличен mood. Сезонава не доминираат веќе големите коцкасти очила со впечатливи рамки туку помалите стилски очила во различни форми, но се забележува и враќање на трендовите за очила од седумдесетите, осумдесетите и деведесетите.
Овој модел беше омилен меѓу супермоделите и беше главен на црвениот тепих во деведесетите. Едноставната форма одговара со сè, без разлика дали се во прашање дневни обврски низ градот или сончање во двор.
Класичните очила за сонце се must-have без разлика на годината. Најдобрите очила за жени се секогаш практични и успешно го поминуваат тестот на времето.
Овој модел во неколку варијанти е модерен неколку сезони по ред, но сега добива по фанки изглед. Слободно може да се претера со рамки како крила, секакви принтови но и со стариот добар холивудски гламур кога ваквите очила биле во екот на модата.
Враќање на познатите пилотски очила во мода! Класичната рамка некогаш правена за пилоти е впечатлива без разлика на професијата. Обоено стакло и метални детали се одличен избор за вакви очила.
Уште од минатото лето овие прозирни стакла и рамки направија камбек и останаа на модната сцена. Ги има во разни бои и додаваат посебна ретро нота на летниот изглед.
Огромните кругови од седумдесетите годинава добија модерен апдејт како мат нијанси или прелевање на бои, обоени стакла и пастелни комбинации.