Со Наташа Апостолов, лизинг-менаџер на Ист Гејт Мол, поразговаравме за трговскиот центар кој ќе биде новата неизбежна и долгопосакувана дестинација оваа есен.
Ист Гејт Мол е првиот објект од ваков вид кај нас, кој располага со неизмерни капацитети и целосно нов пристап кон градскиот живот. Може ли да ни кажете што тој нуди во однос на автентичноста и функционалноста на просторот?
Ист Гејт Мол е новиот центар, што со сиот свој капацитет ќе биде единственото место во градот каде секој посетител без разлика на годините и животниот стил кој го негува, ќе може да ужива во понудените содржини, притоа доживувајки комплетно поинакво искуство. Концепот на Ист Гејт Мол како и самиот простор е дизајниран да биде во функција на посетителите и нивните потреби креирајки посебни специјализирани делови за одредена содржина како Café Avenue, Premium Fashion Street, Green Court, Sport Corner, Kids Corner, Ring Café, Entertainment area итн.
Ист гејт мол локациски и според тоа што го нуди ќе биде голем двигател на модерниот начин на живеење. Како неговата повеќенаменска структура ќе влијае на локалната култура, уметност и останатите сегменти од културниот живот. Каков вид на настани може да се организираат и одржуваат со оглед на импозантноста на објектот?
Календарот со настани е навистина богат и вклучува интересни и иновативни начини за анимирање на посетителите, со кои започнуваме веднаш по отварањето. Ист Геј Мол е многу повеќе од трговски центар. Тој е обмислен како центар на случувања и нови искуства. Во таа насока, ќе се одржуваат музички настани, голем број на изложби и промоции, фестивали со различна содржина, едукативни и експо настани итн. Надворешниот просторен капацитет создаде дополнителни можности за збогатување на календарот и организирање на дел од овие настани на отворено, со што загарантирано Ист Гејт Мол ќе биде место на сите најнови случувања во градот и пошироко.
Кои предности на ентериерот, како дел од впечатливата архитектура на комплексот би ги издвоиле како најзначајни?
Внатрешниот просторен капацитет оплеменет со пространи коридори и изобилство на природна светлина, со многу зеленило се едни од главните автентики на просторот. Сепак, би го издвоила импресивниот East Gate Boulevard како највпечатлив токму поради чуствтото дека сте на отворено кога шетате долж неговите 225 метри. East Gate Boulevard е централниот коридор со висина од 18 метри кој е лесно воочлив и однадвор поради стаклениот покрив на високиот атриум што се издигнува над целата фасада. Логото на Ист Гејт Мол лебди во самиот стакленик, на влезот на Булеварот, создавајќи чувство како да е на небото. Испирацијата за овој детал доаѓа од зградата на седиштето на Apple на 5-та Авенија во Њујорк.
Што ќе претставува Ист Геј Мол за секој посетител и што е она што може да ги искуси со негова посета?
Ист Гејт Мол е дестинација, а не само место за шопинг. Тоа е место за средба со пријателите, семејството, место за релаксација и разонода, забава, нови гастрономски доживувања. Место од кое нема да заминете после направениот шопинг, туку ќе останете подолго за да ја создадете вашата нова приказна, искуство и креирате нови спомени. Повеќе од 50% од вкупната површина за издавање на Ист Гејт Мол, односно 86 продавници се посветени на мода. Од нив во 35 локали како моно или мултибренд продавници за прв пат на нашиот пазар ќе се претстават повеќе од 60 нови трговски имиња, од кои набројувам неколку: Valentino, Trussardi, Patrizia Pepe, Twinset, Philipp Plein, Morgan, Burberry, Elizabeta Franchi, Fracomina, Antony Morato, Barley Corn, DSquared2, Kiko Milano, Dan John и многу други – кои се овозможени од големите дистрибутерски куќи XYZ, Fashion House, Fashion Gruop, Magnetik и City Fashion.
Дополнително, омилените светски синџири од сегментот на „fast fashion“: Inditex и LPP ќе бидат присутни со целото портфолио и ќе се простираат на импресивни 15.000 квадратни метри простор. Можам да кажам дека со нетрпение се очекуваат новата Zara која со околу 4.500 квадратни метри ќе биде најголемиот простор на целиот Балкан, како и Zara Home, Oysho, како и колекциите на Mango Man и Mango Kids во рамки на брендот Mango.
Делот наменет за гастрономија ќе ги задоволи и најпребирливите со својата разновидност на понудата, вклучувајки азиска, мексиканска, италијанска, турска секако и македонска кујна.
Особено место за уживање и релаксација се и кафе баровите, секој претставен со свој уникатен концепт и најмодерен дизајн на ентериер.
Покрај шопингот и уживањето, во Ист Гејт Мол ќе ги пронајдете и модериот фитнес центар кој се протега на 1000 квадратни метри, игротеката за деца која е дел од интернационален ланец, киното Cineplexx чии сали се опремени со најмодрена и најнова технологија, тие заедно ќе ја надополнат останатата понуда и го збогатат искуството на посетителите.
Со нетпрение го очекуваме отварањето, кое ќе се случи за месец и половина кога ќе можат сите да го искусат сето она што го Ист Гејт Мол го подготвуваше во изминативе 3,5 години.
Оваа есен се гледаме во Ист Гејт Мол. Одбројуваме…