Денеска, заедно со Мариа и Бојан Чунде кои ја создадоа природната козметика Pura Perla ви предлагаме рецепт за како најлесно да си направите маска за лице со едноставни состојки што веројатно ги имате дома.
Маска за лице со овесни снегулки
Состојки:
- 1 лажица овесни снегулки
- 2 лажици млеко по избор ( јас користев оризово)
- половина лажиче мед
- половина лажиче маслиново масло
Подготовка:
Се соединуваат состојките и се остава смесата 15-20 минути. Овесот треба да ја впие течноста. Се промешува неколку пати. Се аплицира на влажна, чиста кожа со тапкање. После 15-20 минути се измива со топла/млака вода.
Маската може да се нанесува еднаш неделно за дополнителна хидратација на кожата.