• Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
  • За нас
  • Импресум
  • Профил
  • Контакт

Архиви

  • јануари 2021
  • декември 2020
  • ноември 2020
  • октомври 2020
  • септември 2020
  • август 2020
  • јули 2020
  • јуни 2020
  • мај 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

Социјални медиуми

Новости

Види

Контроверзна детска серија за човек со џиновски пенис ја разбранува данската јавност

јануари 15, 2021

Види

„Врба“ на Манчевски пред американската публика

јануари 13, 2021

Види

Актерката Сара Климоска меѓу десетте европски актерски имиња – Shooting Star за 2021 година

јануари 12, 2021

Види

Авенијата Шанз-Елизе во Париз ќе биде претворена во градина

јануари 11, 2021

 
0
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
0

Во Новости, Уметност

Уметница на неделата – Симона Манчева
Автор: Марта Стевковска

јуни 29, 2020

Уметница на неделата – Симона Манчева

Симона Манчева е визуелна уметница од Кавадарци со магистерски студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Учествувала на повеќе групни изложби и фестивали меѓу кои: „the view from hire“ Портланд Орегон, „What is fear“( (TQAF), „Преземање на патријархатот АПАРТ“ Феминистичка групна изложба во Берлин (2019)  „Со око на маргините“ – Квир  изложба на фотографии – Скопски саем викенд (2017) – Трансформации; „НАШАТА ФУКУШИМА“, меѓународна групна изложба, дел од Интернационалниот уметнички проект „Гогојоши“. Има учествувано на голем број работилници во Македонија и надвор од неа, Словенија, Хрватска, Германија…

Таа има реализирано повеќе самостојни изложби, од кои последната е „Сопство“ во Младински Културен Центар (МКЦ), Скопје во 2019 и истата годинава во Дом на култура „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци. Симона учествуваше на третиот виртуелен Фестивал за светска квир уметност во Солун од 22 до 28 јуни. Таа таму се претстави со цртежи од книгата-боенка „Индукција на права” за сексуалноста и сексуалната работа, издадена минатата година во соработка со ХОПС и со македонските сексуални работници.

За еден уметник да твори е најважно… да сака да твори.

Инспирација и мотиви за творење наоѓам во… секојдневието.

Со уметност се занимавам од… кога се запишав средно училиште.

Техниката што најчесто ја користам е… молив на хартија.

Најдобрата позитивна критика што сум ја добила… можеш уште.

А негативна… земи си пауза сега.

Најчесто се вели дека делата говорат за внатрешните чувства на уметникот… најчесто се вели… зависи до вредностите на уметникот.

Изложбите се најголема можност на еден уметник да допре до поширока публика… изложбите се дел од работата на уметникот.

Индивидуалноста и креативноста на еден уметник најмногу доаѓаат до израз… со работа.

Фестивалот за светска квир уметност во Солун ми донесе… ми го донесе ова интервју 🙂

Цртежите од „Индукција на права“ имаат особено општествено значење бидејќи… зборуваат за сексуалната работа која е глобален проблем.

Развојот на квир уметноста на Балканот е во насока… на видливост.

Уметноста може да биде најдобар лек против предрасуди и стереотипи ако… е ангажирана уметност.

Сподели

Претходен напис

Good Food со Кокарче…

Во Новости

Good Food со Кокарче - Плочки од замрзнат јогурт со ф'стаци и брусница

Прочитајте повеќе

Следен напис

Направете си сами маска за…

Во Видео

Направете си сами маска за лице

Прочитајте повеќе

Купете го новото електронско издание на Портрет Магазин

Во Новости

Контроверзна детска серија за човек со џиновски пенис ја разбранува данската јавност

Прочитајте повеќе

Во Мода

Наталија Терзија – „Успевам да создадам квалитетни парчиња од dead stock и рециклирани материјали“

Прочитајте повеќе

Во Живот и Култура

Бојан Матејин – „Во секој човек, предмет, момент гледам убавина и уникатност“

Прочитајте повеќе

Во Живот и Култура

„Врба“ на Манчевски пред американската публика

Прочитајте повеќе

Најчитани

Види

Елена и Игор Петрови: „Чудата се можни само со позитивна мисла“

август 12, 2020

Види

TrekkМe – Две девојки кои нудат незаборавни домашни вкусови и уникатни планинарски тури од Охрид

јули 31, 2020

Види

Отворен повик за креативни дела на тема „Другите“ (Тhe Others)

декември 1, 2020

Види

Драги Неделчевски: „Возвратената љубов и милост од Мане е поголема од вселената“

јули 19, 2020

Portret digital

© 2020 Portret digital All Rights Reserved Made by Webpigment