• Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
  • За нас
  • Импресум
  • Профил
  • Контакт

Архиви

  • јануари 2021
  • декември 2020
  • ноември 2020
  • октомври 2020
  • септември 2020
  • август 2020
  • јули 2020
  • јуни 2020
  • мај 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

Социјални медиуми

Новости

Види

Контроверзна детска серија за човек со џиновски пенис ја разбранува данската јавност

јануари 15, 2021

Види

„Врба“ на Манчевски пред американската публика

јануари 13, 2021

Види

Актерката Сара Климоска меѓу десетте европски актерски имиња – Shooting Star за 2021 година

јануари 12, 2021

Види

Авенијата Шанз-Елизе во Париз ќе биде претворена во градина

јануари 11, 2021

 
0
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
0

Во Новости

Good Food со Кокарче – Плочки од замрзнат јогурт со ф’стаци и брусница
Автор: Добрица Насевиќ

јуни 26, 2020

Good Food со Кокарче – Плочки од замрзнат јогурт со ф’стаци и брусница

Освежете се овие топли денови со плочките од замрзнат јогурт од @kokarche.

Замрзнат јогурт (или популарно наречен fro-yo) се јавува на комерцијалниот пазар во САД во 1970-тите години и доживува голем успех во раните 1980-ти во период кога паралелно со растот на интересот за здрава храна се бара алтернатива на класичниот сладолед.

Вистината е дека за да се направи добар замрзнат јогурт кој е кремаст и лесно може да се сервира сепак се потребни уште две состојки освен јогурт: шеќер и млечна компонента со повисок процент на масленост. Јогуртот во најголем дел од составот е вода која при замрзнување се претвора во кристали, па затоа е тука шеќерот да го инхибира тој процес. Мастите придонесуваат за побогата, кремаста и мазна текстура.

Покрај тоа што се добива ледено задоволство кое од сладоледот се разликува по киселкастиот вкус, крајниот производ содржи и корисни пробиотски култури, а тоа секогаш е одлична придобивка за дигестивниот систем.

За да се направат овие плочки од јогурт потребни се следните состојки:

  • 300 мл грчки јогурт (10% масленост);
  • 100 мл крем павлака – whipping cream (35% масленост);
  • 5 0гр шеќер во прав;
  • 3-4 малини;
  • 50 гр ф’стаци;
  • 30 гр сушена брусница.

Подготовката е многу едноставна.

Јогуртот, кремот, шеќерот и малините се матат со жица или со миксер за поизедначена текстура. Малините се додаваат повеќе за визуелен ефект и да го обојат јогуртот во пастелно розева боја, па доволни се само неколку. Не треба да се претера за да не се влијае на структурата.

Има два начини на кои добиената смеса може да се искористи:

  • Изматените состојки се стават во апарат за сладолед, се процесираат согласно упатствата од производителот (обично околу 30 минути). Добиениот кремаст десерт може да се послужи веднаш во корнет или во чинија со свежо овошје;

или

  • Смесата се истура во калап за печење (11см x 21см x 7см) или пластичен сад со слични димензии, обложен со кујнска пластична фолија. Се става во замрзнувач од 20 до 30 минути, се вади и по површината се наросува со исецкани ф’стаци и сушена брусница. Се остава да замрзне убаво (минимум 5 часа, најдобро преку ноќ). Се вади со подигање на фолијата (ако има потреба се одлепува внимателно со нож од ѕидовите на садот) и се сече на парчиња/плочки со голем нож во димензии по желба. За полесно сечење ножот може да се помине со врела вода.

Алтернативни состојки:

  • Наместо малини, може да се стави друго овошје за обојување (боровинки, вишни, јагоди,…), а за дополнителна арома да се стави рендана кора од цитруси (портокал, лимон, зелен лимон).
  • Ф’стаците можат да се заменат со други јаткасти плодови или семиња (пр. семки од тиква), а наместо сушена брусница да се употреби друг вид на сушено или свежо овошје.

Уживајте! 🙂

Сподели

Претходен напис

Виртуелен Skopje Pride викенд

Во Живот и Култура

Виртуелен Skopje Pride викенд

Прочитајте повеќе

Следен напис

Уметница на неделата - Симона…

Во Новости

Уметница на неделата - Симона Манчева

Прочитајте повеќе

Купете го новото електронско издание на Портрет Магазин

Во Новости

Контроверзна детска серија за човек со џиновски пенис ја разбранува данската јавност

Прочитајте повеќе

Во Мода

Наталија Терзија – „Успевам да создадам квалитетни парчиња од dead stock и рециклирани материјали“

Прочитајте повеќе

Во Живот и Култура

Бојан Матејин – „Во секој човек, предмет, момент гледам убавина и уникатност“

Прочитајте повеќе

Во Живот и Култура

„Врба“ на Манчевски пред американската публика

Прочитајте повеќе

Најчитани

Види

Елена и Игор Петрови: „Чудата се можни само со позитивна мисла“

август 12, 2020

Види

TrekkМe – Две девојки кои нудат незаборавни домашни вкусови и уникатни планинарски тури од Охрид

јули 31, 2020

Види

Отворен повик за креативни дела на тема „Другите“ (Тhe Others)

декември 1, 2020

Види

Драги Неделчевски: „Возвратената љубов и милост од Мане е поголема од вселената“

јули 19, 2020

Portret digital

© 2020 Portret digital All Rights Reserved Made by Webpigment