Оваа година „Скопје Прајд“ ќе се одржи виртуелно, со богата и интересна содржина. „КОВИД-19 не ни дозволи да маршираме ова лето, но затоа пак не може да нѐ спречи да прославиме сите заедно онлајн! Погледнете ја нашата агенда и бидете во тек со активностите“- соопштија организаторите.
Во прилог е целосната викенд програма, која изобилува со проекциии и работлници но и бесплатни тестирања за ХИВ.