Мојот стил е… мешавина на 70s и 80s со сопствен печат, љубител на земјени тонови и ретро парчиња.
Инспирација наоѓам во… бескрајните можности кои ги добиваме секој ден, негување на пријателствата, уживање во моментот, слатките задоволства и сите бои на зајдисонцето.
Омилено парче облека што го поседувам… Dr. Martens Voss Black сандали, никогаш не излегуваат од мода.
Омилен македонски дизајнер ми е… Cactus! Keep up the good work ✊
Неостварена желба… патување со месеци, седнување во воз и без цел започнување на авантура со добра екипа и позитивни вибрации.
Позитивна работа што ја научив во карантин… никогаш не е доцна да се започне нешто за кое долго време си мечтаел и подобро да се запознаеш себеси.
Скопје е најубаво кога… живее со полна пареа во сите свои убавини.
Посакувам во МК да гледам повеќе… можности, разновидност, безгрижност.
Најдобро облечена поп ѕвезда во моментов… Florence Welch – Florence + the Machine.
Моментално слушам… Allah-Las, Altın Gün& Bicep
Посакувам да имам повеќе храброст за… зграпчување на предизвиците и испробување нови стилови во мојата уметност.