Познатиот екстравагантен дизајнер, Тиери Муглер почина на 23 јануари на 73 годишна возраст. Францускиот моден дизајнер беше познат по смелите, необични и моќни комбинации, со театарска и впечатлива нота и започна сосем нов стил на облекување.
На почетокот на својата кариера, Муглер го дизајнираше препознатливиот и впечатлив изглед на Грејс Џонс, Дејвид Боуви и Дијана Рос, како и комбинации на облека за спотот на Џорџ Мајкл „Too Funky“, а пред сѐ фустанот на Деми Мур од филмот од 1993 година. „Непристоен предлог“, која го доби епитетот најпознат фустан од 90-тите.
Муглер е познат по своите импресивни колекции со структуирани и софистицирани силуети, но и парфемите како Angel, Aura, Alien. Славни личности кои продефилираа во негови креации се Меган Фокс, Бијонсе, Ким Кардашијан, Карди Би и многу други.
Неговиот парфем Angel беше еден од најпродаваните во 20 век, а супермоделот Џери Хол беше заштитно лице на парфемот.
Неговите креации оставија трага низ модната историја, а во прилог ги одвојуваме највпечатливите креации низ годините на модните писти.