Креативноста не познава граници, особено кога станува збор за патики, чевли и недефинирани обувки. Кога светот на високата мода и уличната култура ќе се спојат, се раѓаат незаборавни парчиња. Со сигурност нема да ги заборавиме најлудите соработки во светот на патиките, кои или со сигурност би ги носеле или со сигурност не би. Нема помеѓу. Од класични силуети до екстравагантни дизајни, овие соработки ги поместуваат границите на возможното. Дизајнери како Rick Owens, Jeremy Scott, Glenn Martens и Rei Kawakubo го ставија својот уникатен печат на иконски силуети од брендови како што се Nike, Adidas, Ugg и многу други. Подгответе се да видите некои од најлудите и најчудните соработки сите времиња кои ги редефинираа изгледот на патиките какви што ги знаеме.
Cactus Plant Flea Market x Nike CPFM Flea 1 “Overgrown,” 2022
Во 2022 година Cactus Plant Flea Market и Nike ги создадоа Flea 1 со меко вештачко крзно на површината во различни нијанси на зелена боја. Логото јин-јанг на брендот за улична облека е сместено од надворешната страна, а џеб со патент од внатрешната.
Comme des Garçons Nike Premier, 2021
Фудбалските патики на Nike од 1992 година добија впечатлива преобразба од визионерката на Comme des Garçons, Rei Kawakubo, во 2021 година. Верзијата со потпетица дебитираше на модната писта на авангардниот јапонски бренд „Landscape of Shadows“.
Christopher Kane x Z-Coil, 2018
На модните писти на лондонското шоу на шкотскиот дизајнер за есен 2018 година се појавија неколку стилови со кристали, направени во соработка со компанијата за ортопедски обувки Z-Coil. Пред неговата соработка, Kane бил фан на малото семејно претпријатие познато по својата уникатна технологија што ја ублажува болката.
Ben & Jerry’s x Nike SB Dunk Low “Chunky Dunky,” 2020
Направени да личат на препознатливото пакување на сладоледот Ben & Jerry’s, патиките имаат небесно сина и зелена боја и парчиња со кравји принт, шарена внатрешна облога и растечен најк знак. Патиките се именувани по популарниот вкус на компанијата за десерти „Chunky Monkey“, „Chunky Dunky“.
Ugg x Jeremy Scott, 2017
Во 2017 година, Jeremy Scott го стави својот препознатлив пламен на иконскате Ugg чизми. Се смета дека чизмите биле инспирирани од духот на поп културата во Лос Анџелес. Една верзија беше дури и направена со Сваровски кристали.
Balenciaga x Crocs, 2022
Дебитирајќи на Париската недела на модата, Balenciaga ги подигна класичните Crocs малку повисоко, со помош на џиновска платформа со сребрени метални нитни и тенка висока потпетица.
Adidas JS Poodle Jeremy Scott Pink, 2013
Познат по своите необични дизајни, поранешниот дизајнер на Moschino, во 2013 година, создаде смели Adidas патики инспирирана од пудла. Патиките беа изработена од розеви вештачки крзна низ целата површина. Главата на пудла со пар очила за сонце Linda Farrow x JS Wing и дебели, розеви ѓонови.
Star Wars x Adidas Rivalry Hi ‘Chewbacca,’ 2020
Прославувајќи ја 25-годишнината од Стар Њарс: The Empire Strikes Back, овие меки кафеави високи патики беа дизајнирани по ликот на Chewbacca со специјални Star Wars украси на врвките.
Rick Owens x Adidas Vicious Runner, 2016
Како дел од колекцијата „Cyclops“ на Owens за пролет 2016 година, овој Adidas модел е изработен од телешка кожа со преголем јазик и дебели ребрести ѓонови. Патиките беа достапни во повеќе бои, вклучувајќи монохроматски црно-бели верзии, „Earth Green“ и „Fox Orange“.