BSIDIAN SS25 е колекција која го истражува процесот на трансформација и промена. Иако првичната мисла за промени носи страв од новото и непознатото, како и ризикот и предизвиците кои доаѓаат со нив, отпорноста, упорноста и силата е тоа што нѐ води кон целта.
Настанувањето на опсидијанот, преку вулканската ерупција и брзото ладење на лавата, е еден природен феномен кој метафорично ја отсликува приказната на оваа колекција.
Како што опсидијанот се формира во остри рабови, така и оваа колекција вклучува структуирани, геометриски дизајни со аголни пресеци и смели органски форми, носејќи острина, темнина и мистериозна убавина.
Длабоката црна боја и рефлектирачката површина на опсидијанот, јасно се прикажани преку употребата на внимателно селектираните материјали.
Покрај црната, палетата на бои во оваа колекција ги вклучува и огнено црвената, бордо и виолетова боја, претставувајќи ги оганот и лавата, односно упорноста и силата што ја носиме во самите себе со чија помош се издигнуваме над стравот и препреките.
OBSIDIAN SS25, соддржи 15 изгледи кои се надополнети со рачно изработени чанти и накит.