„Тој фатален скопски ден, далечната 1963 година покажа дека Скопје е кревок град. Оттогаш, со секој изминат ден Скопје се сеќава на трагедијата која го зафати нашиот град, но и на силниот светски наплив на солидарност кој го издигна Скопје во бастион на хуманизмот и обновата“, се вели во објавата на МКЦ по повод 60 годишнината од скопскиот земјотрес.
По тој повод, МКЦ Скопје како институција која е дел од проектот за издигнување на пост-земјотресно Скопје со пригодна програма ќе го одбележи 60 годишниот јубилеј од кобниот настан.
Музичката програма ја сочинуваат Pedro Horisonte, Луфтанза и Baklava со промоција на албум “За Скопје со љубов” со почеток во 21 часот. Од 00.00 часот ќе се прикажува филмот „Скопје Ремикс [2012]“, а ќе има и изложба на фотографии од Ристо Костовски „Попатни одблесоци“ во Галерија МКЦ од 20 часот, како и изложба „Бетонско Скопје“ од Филип Конески и Борис Јурмовски во Галерија 2 МКЦ од 20.30 часот. За најмладите ќе има детска ликовна работилница со Доротеј Нешовски “Моето Скопје: илустрирајќи го градот од соништата” во паркот МКЦ од 18 часот.
Целата програма може да ја најдете на следниот линк.