Institute Lab отвора ново поглавје за македонските брендови за нега. Од овој месец, неговите производи ќе бидат достапни во ATU Duty Free на Меѓународниот аеродром Скопје, со што Institute Lab станува првиот македонски клинички инспириран бренд застапен на оваа продажна локација. Соработката претставува значаен исчекор за Institute Lab, но и важен момент за видливоста на домашното производство. Присуството во средина низ која секојдневно минуваат патници од различни земји му овозможува на брендот да ги претстави македонското знаење, креативноста и современиот пристап кон негата пред поширока меѓународна публика.
Institute Lab е македонски бренд за нега на кожа, тело и коса, изграден врз уверувањето дека квалитетната и делотворна формула не мора да биде сложена за да одговори на конкретните потреби на современиот потрошувач. Неговото портфолио опфаќа производи за нега на лице, тело и коса, посебна линија за бебешка и детска нега, како и производи наменети за специфични потреби на кожата.
Во основата на брендот се внимателно развиените формулации, функционалноста, јасно дефинираната намена на секој производ и современиот визуелен идентитет. Голем дел од формулациите содржат висок процент состојки од природно потекло, производите се вегански и не се тестирани врз животни. Нивниот развој е насочен кон создавање едноставни и ефикасни решенија за секојдневна нега.
Со вклучувањето во понудата на ATU Duty Free, Institute Lab станува дел од внимателно селектиран продажен асортиман наменет за динамична и разновидна публика. Аеродромот, како прва и последна точка на средба со една земја, има особено значење за начинот на кој се претставуваат нејзините производи, идеи и вредности. Токму затоа, вклучувањето македонски бренд во ваков продажен простор отвора можност домашното производство да добие поголема видливост во меѓународен контекст.
„Влегувањето на Institute Lab во продажната понуда на ATU Duty Free на Меѓународниот аеродром Скопје за нас претставува многу повеќе од проширување на продажната мрежа. Тоа е потврда дека еден македонски бренд, создаден со јасна визија, внимателно развиени формулации и современ визуелен идентитет, може рамноправно да застане пред меѓународната публика. Особено сме горди што, како прв македонски бренд за нега на оваа локација, ќе имаме можност да ги претставиме домашната креативност и знаењето пред патниците од целиот свет. Веруваме дека ова партнерство е значаен чекор во развојот на Institute Lab и силна основа за негово понатамошно позиционирање надвор од домашниот пазар“, изјави Јехона Бела, бренд-директорка на Institute Lab.
„Во ATU Duty Free постојано се стремиме да создадеме внимателно избрана понуда што ги поврзува глобално препознатливите брендови со најдобрите локални производи и приказни. Нашата визија е да им понудиме на патниците автентично искуство што ги одразува културата, креативноста и потенцијалот на земјата во која се наоѓаме. Вклучувањето на Institute Lab во нашето портфолио претставува значаен чекор во таа насока, бидејќи станува збор за бренд што успешно ги спојува квалитетот, иновативноста и современиот пристап кон негата. Горди сме што на нашите патници ќе им овозможиме да откријат успешен македонски бренд за нега и веруваме дека производите ќе бидат препознаени и ценети од патниците што секојдневно минуваат низ Меѓународниот аеродром Скопје. Воедно, оваа соработка е во согласност со нашата визија да поддржуваме локални брендови со висок квалитет и потенцијал за меѓународна афирмација, создавајќи нови можности за нивен раст и поголема видливост на глобалниот пазар.“- изјавија од ATU Duty Free.
Влезот во ATU Duty Free е дел од пошироката визија на Institute Lab за развој на препознатлив македонски бренд со потенцијал за присуство на регионалните и меѓународните пазари. Партнерството покажува дека квалитетните домашни производи можат да најдат свое место во современа и конкурентна продажна средина, но и отвора простор македонското знаење, креативноста и пристапот кон негата да допрат до потрошувачи од различни делови на светот.
Повеќе информации за брендот и неговото портфолио се достапни на institutelab.co.




