Дали некогаш сте се нашле во ситуација да сте во движење и наеднаш огладнувате? Едноставно желбата за ужинка ви попречува во прошетката, извршувањето на обврските или возењето. Токму во ваков момент поголема е веројатноста да направите нездрави избори на ужинка за кои подоцна ќе се чувствувате виновно. Затоа е важно да имате при рака здрава ужинка кога сте во движење.
Од каде потребата за здрава ужина?
Лошите навики во исхраната и недоволното внесување на витамини, минерали и нутритивни елементи на дневна основа резултираат со хроничен замор, недостаток на енергија и посериозни проблеми со варењето на храната. Нездравата ужина често може да ја намали потребата за главен оброк, што доведува до неурамнотежена исхрана.
Сепак, поради зголемената свест за лошите состојки, на пазарот се зголемува побарувачката за храна и ужинки кои не содржат рафиниран шеќер, адитиви и конзерванси, а за оние кои се богати со протеини, содржат функционални нутритивни елементи и пристигнуваат во нов формат, прилагоден на животот во постојано движење.
Доколку немате време да подготвите закуска ниту пред работа, ниту во текот на денот, ви предлагаме нешто здраво, вкусно, практично за употреба и кое секогаш ќе ви биде на дофат – Nutrino Lab готови ужинки од 100% овошје и зеленчук.
Паметни решенија за храна и оброци “on-the-go”
Поради нашиот брз начин на живот и постојаното извршување на повеќе задачи, често бараме брзо подготвен оброк кој е здрав и лесно и брзо се конзумира, по можност во движење или додека правиме неколку работи во исто време.
А кога знаеме дека свежото овошје и зеленчук се токму она што ни треба за здрава ужина во текот на денот, не ни е секогаш погодно да ја носиме таа храна во чантата. Некои овошки висат на дрвјата, додека некои се кријат во грмушките. Некои овошки ви паѓаат пред вас, а некои се толку високи што ви треба скала да ги откинете. А каде исчезнаа супер овошките, полни со витамини и неопходни хранливи материи? Тие скокнаа во Nutrino Lab!
Nutrino Lab ужинките се направени од 100% супер овошје и зеленчук, без додаден шеќер, адитиви, глутен и вештачки бои, пристигнуваат во тотално кул пауч пакување кое ќе ја разбие секоја монотонија и ќе ви пружи задоволство за кое нема да се чувствувате виновно! !
Во рака, во чанта, на прошетка, на состанок, на тренинг… Нема погрешно време за 100% здрава ужина!
Каде и да одите – супер овошјето оди со вас, бидејќи само внимателно одбрани овошја кои поминале строга контрола на квалитетот можат да влезат во Nutrino Lab.
Пауч пакувањето на Nutrino Lab не само што изгледа одлично, туку ја зачувува свежината, мирисот и хранливата вредност на овошјето и зеленчукот
Сега можете да ја добиете вашата дневна доза на овошје во три чекори: отворете, сквизнете и уживајте во вкусната минерална и витаминска бомба. А за да не ви е здодевно, можете да избирате помеѓу пире од различни овошни комбинации или комбинации на овошје и зеленчук.
5 различни овошни вкусови доаѓаат во комбинација од јаболко, манго, маракуја и банана или јаболко, манго, папаја и банана, јаболко со боровинка и цреша, со праска, јагода и малина или со круша и диња. Во секој случај, каква комбинација и да изберете, не можете да погрешите бидејќи сите се подеднакво здрави и вкусни, и неопходни за да имате доволно енергија во текот на денот и да го држите гладот под контрола.
Да се храните здраво не мора да значи откажување од сите вкусни задоволства, па затоа дозволете Nutrino Labужинката да ви стане една од добрите навики, бидејќи е богата со витамини, минерали и антиоксиданси, а љубовта кон оваа овошна ужина дефинитивно ќе се јави при првиот „сквиз“.
(комерцијален текст)