Новата песна на Funk Shui, „Метеори“ доби 2.369 гласови, најмногу меѓу десетте песни за избор на песна на неделата на хрватскиот портал Muzika.hr, односно „Ispod pulta“, кои прават промоција на нови песни преку гласање на публиката. Македонскиот фанк-рок бенд синглот „Метеори“ го сподели со јавноста на 28 мај, како најава за новиот трет албум. Бендот зад себе има два албуми „Аether“ во 2012 година и „R.E.M“ во 2015 година.
„По периодот кој наложи потреба за слобода во медиумскиот етер, имајќи ја во обзир сериозноста на новораширениот вирус, конечно етерот и ние сме спремни да ги споделиме нашите лични искуства од периодот од последните две години. Со тоа сакаме да им понудиме свежина на нашите досегашни, а воедно и идни слушатели, музи и оние кои ја споделуваат страста за музика, ум и чекорите напред. Посветено на сите кои немаа избор и оние кои се борат силно за животот на другите. Продолжуваме да пренесуваме надеж преку реките на неизвесноста, иднината е секој ден!“, изјавија од Funk Shui по излегувањето на синглот.
Извор: https://www.muzika.hr/