Од нејзиниот дом во Москва, Анастасија Пилепчук прави украсни маски со енергијата на Фрида Кало и Бјорк. Руската уметница, која има 31 година, отсекогаш била опкружена со уметност, што и било начин за излез од депресијата во тинејџерските години. „Експериментирав со околината, преместував мебел, боев на ѕидовите, дури направив и килим. Да создавам уметност ми беше како терапија“. Денес освен со сликарство се занимава и со дизајнирање на облека, но е дел и од диџејско дуо.
Таа вели дека последниве неколку години Москва излегла од изолацијата од 20 век и станала интересна културна средина на мешање на современата и класичната уметност. Новите простори како Garage музејот на современа уметност и Winzavod центарот за современа уметност се посветени на промоција на уметничкото движење на младите. На Анастасија омилени уметници и се Николас Кошкош, украински сликар кој се преселил во Москва поради војната во Украина, како и Дуња Закарова со нејзините пастелни скулптури кои се комбинација од осаменост, нежност и меланхолија.
„Голем дел од мојата инспирација доаѓа од Фрида Кало и Бјорк – тие се толку уникатни и специјални. Но кога изработувам маски добивам инспирација и од многу други нешта, како луѓе, природа, култури, расположенија. На пример една од моите маски е како капки од водопад, додека друга изгледа како глечер од Исланд, а трета го рефлектира моето расположение. Никогаш не знам како ќе изгледа следната маска, најчесто земам материјал, се повикувам на одредена емоција или сеќавање и работам додека не ми се чини готова“, вели Анастасија.
Голем дел од маските што ги изработувала порано биле за нејзините музички перформанси но сега ги дизајнира затоа што ужива во процесот и за други луѓе. „Моја аспирација е да имам соработки со талентирани артисти и музичари. Сакам кога запознавам нови луѓе преку мојата уметност“.
Извор: https://i-d.vice.com/en_uk/article/epgz4e/anastasia-pilepchuk-masks-russian-artist