„Роден во внатрешноста на Јужна Италија Tricase (Lecce), Massimiliano Pagliara – Massi, добропознат по неговиот еклектичен микс од хаус, диско, електро и техно, ќе врти срцекршачки траки на кои ќе се топиме заедно во Станица 26“, велат организаторите на настапот на познатиот диџеј.
Massi e долгогодишен резидент на Berghain/Panorama Bar, а и сопственик на неговата издавачка куќа Funnuvojere која брои многу квалитетни изданија, има издадено музика за проминентни светски етикети од Ostgut Ton до Permanent Vacation. Последното негово издание See You In Paradise излезе на Permanent Vacation во 2022.
Заедно со Massi ќе настапат и нашите диџеи Herzel и Ermilova.
Карти достапни на врата 300мкд.
„Не ја пропуштајте оваа шанса за танцување! See You In Paradise “, порачуваат организаторите.