Dota 2 тимот Tundra Esports каде што игра и Македонецот Мартин Саздов – Сакса го освои The International 11 – Dota 2 откако во финалето ги победија Team Secret со резултат од 3-0. Победата на овој турнир му ја доделува на тимот титулата Најдобариот Dota 2 тим во светот и огромна награда за прво место од околу 8.000.000 милиони долари!
Тимот Tundra Esports остана непоразен во текот на целата фаза од натпреварувањето, губејќи само четири мапи во групната фаза и само една на главната фаза. Tundra Esports беа тимот кој беше подржан од илјадници Dota фанови ширум светот! Нормално огромен број фанови беа директно од Македонија само заради Мартин ‘Сакса’ Саздов.
Како што пренесува gg.mk, Мартин Саздов од Свети Николе, детето кое што пред неколку години дома немаше добар интернет и компјутер да игра Dota 2 сега е во листата на шампионите. Пред неколку години со тимот на „OG“ исто така успеа да стигне до финалето, но изгубија и го освоија второто место.