На 04.11, петок, локалните колективи LONGBUS и ROTKO books&music во соработка со Станица 26 Ви го претставуваат кремот на клупската музика денес.
Почнувајќи од 21:00 часот, ќе имаме несекојднeвна прилика да присуствуваме на целовечерна клупска афера со live настап на живата легенда на германската сцена и еден од луѓето позади озлогласениот клуб Salon des Amateurs во Дизелдорф, TOLOUSE LOW TRAX и диџеј сет на њујоршкиот deep house maestro, FRED P! Локална противтежа и поддршка ќе им бидат локалните херои Александар Гроздановски – HERZEL и ИВАНА ДРАГШИЌ.
Магот на германската електронска сцена TOLOUSE LOW TRAX за прв пат во Скопје!
„Примитивноста во мојата музика е поврзана со нешто едноставно, и тоа не мора да биде задолжително минимално. За мене е доволно да танцувам грубо околу суштината. Музиката што не ја обликуваме до крај содржи момент на убавина. Превез на тајност. Работам едноставно. Во ограничувањата пронаѓам слобода“, вели Tolouse.
Tворештвото на Tolouse Low Trax или Детлеф Вајнрих се разгранува во неколку изданија на етикетите како Idle Press, Infiné, Karaoke Kalk, Kunstkopf, Neubau, Themes For Great Cities, Antitote или Cómeme. Активен член на Kreidler, човекот зад озогласениот Salon des Amateurs во Дизелдорф.
Aфро-барокната елеганција преку обскурни арпеџо акорди, хипнотично ги претопува жанровите во магливи сценарија во кои лесно се губите себеси. А, кога ќе посакате да се вратите, веќе е доцна. Што значи – „препорачливо за фрикови“.
Теренот за него ќе го намести HERZEL со свој live настап.
Вториот дел од вечерта е резервиран за фантастичниот диџеј и продуцент од Њујорк, FRED P, чија повеќедецениска кариера го обликува deep house звукот како што го знаеме денеска. За увертирата на неговиот настап е задолжена незаменливата ИВАНА ДРАГШИЌ со свој диџеј сет.
FRED P – „Fred P, forever going Deep” е популaрна фраза поврзувана со Фред, произлезена од неговата неуморна продуцентска и диџејска работа, започната во неговиот матичен Њујорк, а потоа и низ целиот свет.
После 11 албуми, небројни изданија, декади диџејска кариера, Фред секојдневно продолжува да го развива својот препознатлив звук кој плови низ најдлабоките фреквенции, во кои хаус музиката се провлекува како основа. За оние доволно среќните љубители кои ги доживеале неговите катарзични, физички и спритуални сетови, подиумот не е само место за уживање, туку и достигање на повисоки потенцијали.
2018 година го означи раѓањето на неговиот нов музички лејбл, Perpetual Sound, откако природно дојде крајот на неговата озлогласена продуцентска куќа Soul People. Првото издание природно припадна на неговиот најсакан псевдоним, Black Jazz Consortium.
Со нетрпение ги очекуваме нивните настапи на фантастичниот саундсистем на Станица 26.
Карти во претпродажба во:
Three Kitchen Bar
Coffee Factory
Kantina
Котур
Бистро Комедија
Babylon Cocktail Bar