Префинет рачно изработен луксузен накит од италијанскиот бренд Damiani, еден од најпрестижните брендови за накит и сертифицирани дијаманти.
Секое парче накит е единствено уметничко дело, рачно изработено од врвни златари и резултат на уникатни дизајни, посветувајќи неверојатно внимание на деталите, употребувјќи скапоцени камења со највисок квалитет. Токму врз основа на ова уметничко, културно и занаетчиско наследство, секое парче накит е создадено да ја одржува својата вредност во текот на времето, надживувајќи ги модните трендови ; совршен подарок за прослава на посебна годишнина, и секако, богатство како вечно сеќавање и наследство низ генерации.
Фотографија: Ани Дими
Моделка: Марија Аслимоска
Стилист: Милена Танаскоска
Шминка: Васе Доковски
Накит: Damiani
MIMOSA – Бело злато, дијамант и смарагд
D.SIDE – Розово злато, седеф и дијаманти
Дизајниран од Бред Пит, а изработен од златарите во Валенца, кои што важат за најбараните и најпознати златари во светот. Поводот беше неговата свршувачка со Џенифер Анистон и затоа претставува славење на љубовта: два концентрични кругови во злато и платина и се спојуваат со неколку дијаманти помеѓу нив, додека пак центарот е украсен со седеф или оникс кој додава раскош и сјај.
D.ICON- Керамика, розово злато и дијаманти
D.Icon, најпоетската комбинација на керамика, злато и дијаманти изработена од занаетчиите од Валенца; дозволувајќи ѝ на секоја жена да создаде свој уникатен и оригинален стил.
MIMOSA – Бело злато, дијаманти и рубин
Експлозија на бои заокружена во облик на цвет, типичен дизајн за Damiani. Дизајнот е уникатен и посебен заради неговата изработка и внимателен избор на материјали. Колекцијата е составена од прекрасни прстени со дизајн кој потсетува на обликот на цветот во стил кој е модерен и безвременски, со скапоцени камења поставени околу поголем централен камен.
BELLE ÉPOQUE – Бело злато, дијаманти и сафири
Belle Epoque го реинкарнира стилот на филмските ѕвезди од 1920-тите, оние безвремени музи на режисерите и сликарите. Накитот е дизајниран за жени кои ја разбираат уметноста на заведувањето и моќта на фасцинацијата.
EDEN – Бело злато и дијаманти
Создадена за самоуверена жена со заводлив дух, колекцијата Eden ја карактеризираат облици на змија со префинет и остар дизајн, толкувајќи ја интимната женственост, надополнета со неодолив магнетизам.
D.SIDE – Розово злато, оникс и дијаманти
Погледнете ја целата колекција од накитот на bozinovski.com.mk