Диор е поим што треба да се истражува и наследство што треба да се негува.
Како и сите пред него кои го рекреирале легендарниот мирис, така и Франсис Куркџијан навлезе длабоко во душата на Dior. J’adore e клучна инспирација за него. Тој се соочил со симболот – цветовите на овој мирис, кои симболизираат луксуз, а на пиедесталот ја ставаат женственоста и примарно ја истакнуваат душата на Dior.
Воден од зборовите на Кристијан Диор: „Почитувајте ја традицијата и предизвикајте се да бидете храбри“, J’adore доведе до посебна средба помеѓу парфумерот познат по своите неверојатни креации со исклучителна убавина и симболичен мирис што стана главна класика. Ова беше можност тој да стави белег на него, во неговиот единствен стил што постигнува успех преку неговата еминентно современа, моќна префинетост. Тој го одбра срцето на цветниот букет на J’adore, суштината на неговата неверојатно комплексна формула. За J’adore, Франсис Куркџијан стана трагач по злато.
Од J’adore l’Or до l’Or de J’adore
Франсис Куркџијан дава нова перспектива на J’adore, кој е во потрага по неговиот најсуштински израз со крајна цел да ја добие неговата најчиста квинтесенција. Тој суштински се насочува кон почетоците на потеклото на цветната композиција, каде што цвеќињата разговараат меѓу себе, а ниту еден цвет не преовладува со својот мирис. Се прашува за овој баланс, кој буди магична и апстрактно цветна воодушевеност.
За J’adore е создаден апстрактен мирис на цвет што овозможува вистинска сензација што го претставува на автентичен, симболичен и симбиотичен начин и секој цвет што е во составот на овој мирис. Овој идеален цвет што не постои, го отелотворува духот на Dior.
Инспириран од оваа луксузна мистичност, Франсис Куркџијан одбира да го реинтерпретира неговиот стил и да ги наруши неговите пропорции за да стави нова светлина врз нејзината убавина. Неговиот J’adore има треперлив сјај на скапоцена течност. Тоа е бања од стопено злато што го рефлектира неговото потекло, во која се тоне сензуално и воодушевувачки.
Цветовите како главна состојка
Со дефинираниот концепт, новиот стил зазема облик. Куркџијан му приоѓа на цветниот букет во два чекора. Најпрвин ја усовршува формулата за да го спознае подобро, а потоа ги слави цвеќињата како главна карактеристика. L’Or de J’adore претрпува трансформација, прославувајќи го „гигантскиот“ цветен аспект, што е вистински извонреден. Букетот е обновен, надополнет, богат и облеан со цветови. Јасмин, роза и иланг се дополнително полирани, тркалезни и впечатливи. Кринот од долината и виола блескаат и се радуваат. Цветовите од новиот букет се моментални и директни.
Нежно и висококонцентрирано злато
Како топло злато што се бранува над кожата. Мека сензација на прст што го допира врвот на кадифено ливче дава чувство како да сте допрени од сонцето. L’Or de J’adore креиран од Франсис Куркџијан е сензуално, сензорно и блескаво задоволство. Истовремено сложениот, кристално чист и непосреден состав го открива својот букет дефинирано и конкретно. Сè е претставено одеднаш со љубов, искреност и величественост. Ова е нов J’adore, кој го допира срцето и ги надразнува сетилата.
Одејќи директно во суштината на материјата, тој претставува заоблени цвеќиња, издигнати до ниво на богатство што повикува на допир. Нема ништо остро во овие магични акорди, каде што цвеќињата се течни и поврзани. L’Or de J’adore ја нуди својата спектакуларна концентрација и својата сјајна заобленост и остава зад себе дарежлива и благородна трага на мирис.
„Кристијан Диор обично знаеше да каже дека негова инспирација за модел се сите жени во светот. Благодарение на магијата и моќта на J’adore, јас се предизвикав да ја замислам неговата инспирација што предвид ја земав страста кон сите цветови на светот – екстравагантноста и ригорозноста, кои се знак на духот на Dior.
Сакав да се префрлам од аурата на J’adore кон онаа на L’Or de J’adore и кон нејзината миризлива квинтесенција ослободена од сите излишни елементи. Сакав да му дадам на J’adore цветен потпис за да стане попрецизен, современ и да биде со универзален акцент. Како да блесна нова светлина врз J’adore што е импресионирачко ремек-дело, составено од огромен број калеидоскопски допири.
Поседувањето на ова речиси сликовито изобилство, бараше од мене најпрвин да се нурнам во формулата и да го измешам неговото богатство за да ги задржам само најважните акорди: сензуална роза и моќен јасмин осветлен со соларен иланг.
Затоа го сплотив и го дефинирав овој густ букет со желба да најдам нова хармонија и нова рамнотежа за неговите пропорции. Додадов и допири на позаоблена, помазна боја со нагласување на розовата и белата боја и истакнување на жолтата нијанса на сончевите цветови.
Сега, формулата изгледа построга. На некој начин, им дадов поголемо значење на цветните контури, за да ги направам нивните нијанси поистакнати и со тоа да дефинирам нова текстура, слична на онаа на течното и обвиено злато. Нова сензуалност, веднаш привлечна.
J’adore е сензуален, заоблен и привлечен, како женствено разголено рамо. Квинтесенцијата на J’adore е присутна. L’Or de J’adore се враќа на најважното, славејќи ја убавината на цвеќињата носени во мазен и соларен концентрат. L’Or de J’adore е приказна со сите негови цветови.“
Франсис Куркџијан – директор за создавање парфеми
Златни блесоци во амфора – дизајн
Сите облини и заоблености, легендарната силуета на амфората J’adore сензуално ја држи новата композиција на Франсис Куркџијан. За L’Or de J’adore, легендарното шише е повторно рекреирано и украсено со скапоцени материјали. Ѓерданот е поинаков, одекнувајќи ја топлината на мирисот, трансформиран во течно и органско злато што лежи во бранови покрај стаклото. Смирената привлечност на стаклото претставува нова заобленост во хармонија со мазните цветови на букетот.