Меѓу предметите кои му припаѓаат на познатиот британски музичар од групата „Квин“, а ќе бидат ставени на аукција се костими, рачно напишани текстови и чешел за мустаќите.
Повеќе од 30 години, домот на Фреди Меркјури во Лондон е недопрен, како свето место за легендарниот музичар од рок бендот „Квин“ кој почина во 1991 година на 45 години. Сега неговите лични предмети, како неверојатните костими, рачно напишани текстови за песни, како и уметнички дела и преубави предмети од неговите патувања ќе бидат изложени во Лондон, Њујорк, Лос Анџелес и Хонг Конг пред да бидат продадени на аукција. Помеѓу предметите се и круната направена според круната на Св. Едвард (која кралот Чарлс ќе ја носи следната недела на неговото крунисување) како и наметката направена од црвенo кадифе, вештачко крзно и кристали. Овој аутфит Меркјури го носеше на последната изведба на God Save The Queen, кој беше и последен настап во живо на бендот во Кнебворт во 1986 година.
Рачно напишаниот текст за песната We are the Champions исто така ќе се најде на аукција, и се очекува да достигне сума од 300.000 фунти. Неговиот дом Гарден Лоџ во Кенсингтон беше неговото засолниште од неговиот јавен живот и персона кое го исполни со уметнички дела од викторијанско доба како и од уметници од 20-тиот век, стаклени предмети, јапонска уметност и текстил. Како што велел самиот, сакал да биде опкружен со прекрасни и извонредни предмети. Последните денови од животот ги поминал во својот дом и починал на 24 ноември 1991 година, 24 часа откако потврди во официјална изјава дека има СИДА и ги повика неговите фанови да се „борат против оваа ужасна болест“. Неговиот дом и предметите ги остави на неговата најдобра пријателка Мери Остин.
Главната изложба со 1.500 предмети ќе се одржи во „Сотеби“ галеријата во Лондон во август, еден месец пред датумот што би бил неговиот 77 роденден. Потоа ќе има 6 аукции во септември.
Дејвид Мек Доналд, главниот за продажба во галеријата Сотеби вели: „Колекцијата на Фреди Мерјкури е манифестација за една креативноста на еден неверојатен човек, неговиот вкус, изостреното сетило за убавина и претставува многу повеќе од извонредна селекција на најдобриот пример за артист низ векови и земји“.
Колекцијата предмети ги вклучува и сребрениот чешел за мустаќи од Тифани&Ко, 11 акварели од рускиот арт деко уметник Ерте, уметничко дело од 1880 година од Џејмс Жак Тисо од неговата муза и љубовница Кејтлин Њутон ( проценето на 600.000 фунти) и акустичната гитара на Мерјкури од 1975 Мартин-Д35.
Од неговото ноќно масиче се и Фаберже сет, часовник и винтиџ телефон. Меѓу облеките на аукција ќе бидат рачно насликан свилен елен со неговите мачки – Дилајла, Голијат, Оскар, Лили, Ромео и Мико како и неверојатна церемонијална јакна во војнички стил.
Оливер Бејкер, одгворниот за Сотеби во Европа вели дека „сензационалниот живот на Меркјури оставил богато наследство од артистични моменти, кои како и неговата музика остануваат како наследство засекогаш“. Дел од средствата на аукцијата ќе бидат донирани на Меркјури Феникс фондот и Фондацијата за СИДА „Елтон Џон“.