Неодамна заврши креативната кампања ,,Фустани со џебови” на Халкбанк, со прекрасна ревија каде петмина македонски креаторки и креатори ги претставија своите уникатни модели на фустани со џебови како симбол за финансиска рамноправност на жените.
На модната ревија продефилираа креациите на модните дизајнерки Јована Филиповиќ, Аида Зекир (М Couture), Татјана Кокев, Моника Коцарева и дизајнерот Марјан Бебекоски. По завршувањето на ревијата, сите фустани, односно креации на модните креатори беа изложени на аукција, на која од хуманите гости се собраа неверојатни 155 000 денари. Сите собрани средства ќе бидат донирани за жени од ранливи социјални категории. Ние ви ги претставуваме сите дизајнерски парчиња одблизу, за да имате можност да уживате во креативноста и професионалноста на дизајнерите.
Оваа кампања е одличен доказ дека приоритетите на глобално ниво на Халкбанк и Мастеркард како инклузијата, еднаквите можности и поддршката треба да ги негуваме и развиваме сите заедно, a просторот за еднакви можности Халкбанк го трасира со воведување на пакет за жени претприемачи со поволни производи и услуги од банката.