Инспирирана од бројни теоретизации за концептот кореографија, оваа претстава во шест слики критички и телесно го преиспитува процесот на создавање на кореографија, користејќи го одењето како најбазичноточовеково движење од кое почнува и се раѓа телесно структурирање. Служејќи се со ритмика, физички театар и танц, претставата упатува критика кон потребата за спектакл заснован на комплексен танцов вокабулар и надчовечки тренинг за танцот да биде промулгиран и сметан за висока уметност.
Режија и кореографија: Филип Петковски
Учествуваат: Мими Поп Алексова, Дејан Битровски, Сара Цветковска, Давид Николовски и Борјан Ристовски
Музика: Давид Николовски, Виктор Филиповски и Горјан Стојменовски (Fierce), Сашко Костов, Филип Петковски
Камера и фотографија: Марко Марјановиќ
Костимографија: Антонија Гугинска Јорданоска
Продукција: Национална опера и балет
Танц Фест 2023 | НОБ (мала сцена) | 28.04.2023 | 20ч.
Времетраење: 50’
Билети на https://mktickets.mk/en/event-en/oiskr/