Краткиот филм „Јули“ прикажува драматична љубовна приказна поврзана со катастрофалниот земјотрес во Скопје, од 26 јули 1963 година. Режисерот Сезер Салихи објаснува дека тоа е приказна која е мултикултурна и заборавена. Премиерата филмот ќе ја има на Скопскиот филмски фестивал во септември.
„Главни актери се Метин и Хана. Приказната за Метин и Хана оживува со ликот на Метин (младиот) и Метин (стариот). Паралелната приказна е претставена дијалошки, во која се поврзува дејството на двата лика Метин (стариот) и Метин (младиот). Метин (стариот) со зборови и емоции како огледало се рефлектира во настаните на филмот. Тој ги враќа старите спомени во името на неговата љубов, изгубени во земјотресот. Локациите на чаршијата го доловуваат моментот на старост и мистерија. Музиката компонирана од Енвер Мухамеди ги доловува емоциите. Длабочината на тој ден во текот на филмот е прикажана на начин што ќе го заинтригира гледачот да поставува прашања. Сите ликови во филмот се со иста тежина, сите тие ја доловуваат приказната. Хасан е надворешното око што ги гледа и слуша настаните, Хана е радоста, љубовта, тагата во филмот. Метин (младиот) е младост, искушение, мистерија. Метин (стариот) е лик во кој започнува центарот и раскажувањето. Филмот ги носи сите наведени емоции. Сонот на Метин е стравот, заканата, што става крај на сите среќни случувања во филмот. Сонот е инстинкт и вистинска приказна за една од жртвите во земјотресот. Филмот носи јасна порака и носталгија за нешто старо, нешто искрено и заборавено. Тоа е љубовта и искреноста кон Хана и Скопје“, вели Салихи.
Режисерот Сезер Салихи пораснал во Скопје и се преселил во Истанбул на 21 година, каде што завршил додипломски студии и сега продолжува со пост-дипломски студии од областа на филмот на Универзитетот „Мармара“. По дипломирањето во 2016 година Сезер се враќа во Скопје за да режира неколку кратки филмови. Тој работел како монтажер во националната ТВ 21, и како ментор на филмскиот фестивал „Џифони“. Има направено неколку кратки филмови и музички спотови со косовски артисти.
Во филмот „Јули“ се зборува на три јазици, македонски, турски и албански. Филмот е сниман во Македонија, а постпродукцијата е правена во Македонија, Косово и Турција.
Погледнете го трејлерот за филмот.
Продукција – Zula Production, година – 2021
Режисер, сценарист и продуцент – Сезер Салихи
Актери – Бајруш Мјаку, Анастас Тановски, Ерман Шабан и Сабина Мемиши Снимател DOP- Генц Халими
Монтажа – Благоја Неделковски
Дизајн на звук – Зоран Проданов
Микс на звук- Дарко Спасовски
Колор – Емре Карагоз
Музика – Енвер Мухамеди, Перија
Перформанс на Музика – Греса Брочи, Бисера Базер, Енвер Мухамеди, Дрен Солдаши, Џан Омер Ујган
Специјални ефекти – Миран Бехлули
Гафер – Иван Ѓоршев Сценографија – Енес Деари