CROMA-PHARMA е фармацевтска компанија која е посветена на подобрување на здравјето на луѓето преку развој и дистрибуција на иновативни производи во естетската дерматологија. Искуството од неколку децении во производството на производи на основа на хијалуронска киселина и уникатна експертиза во естетската медицина ја направија CROMA-PHARMA интернационално познат специјалист во полето на подмладување на кожата. Следниве Saypha филери нудат видливи резултати веднаш по завршувањето на третманот, а имаат долготраен ефект од неколку месеци, благодарение на веќе докажаната формула. Промотивната акција во моментов е одлична за да не пропуштите да го освежите вашиот изглед.
Saypha Rich – мезотераписки раствор
Saypha Rich е високоеластичен раствор за надополнување на изгубената хијалуронска киселина којашто ја губиме при процесот на стареење. Оваа инјекција помага за подобрување на хидратацијата, тонусот и еластичноста на кожата и дејствува како полнач на мали линии, како што се брчките околу очите и линиите кои се појавуваат околу усните како последица на смеење или пушење. За природен изглед, подобар тонус и еластичност на кожата.
Mеста за апликација: врат, деколте, дланки, брчки околу очите и линии околу усните.
Saypha Filler Lidocaine – универзален третман
Saypha Filler Lidocaine се користи при корекција на умерени до сериозни брчки и набори на лицето, како и при зголемување на волуменот на усните. Тој е одличен за добивање на природен и младешки изглед на лицето и усните, па е совршен за оние кои сакаат да го започнат процесот на разубавување на брз и едноставен начин. За природен, младешки изглед со сјај. Третманот на Saypha Filler Lidocaine е едноставен и безболен со помош на новата комбинација на хијалуронска киселина и Лидокаин – локален анестетик.
Mеста за апликација: усни, јаболкници, назолабијални брчки, линија на брада.
Saypha Volume Lidocaine
Овoj филер се користи при корекција на длабоки брчки и набори на лицето, како и при обновување на волуменот на лицето. Исто така, се користи за реконструктивен третман на лицето, во случаите како што се липоатрофија на лицето, длабоки лузни и морфолошка асиметрија. Третманот на Saypha Volume Lidocaine е едноставен и безболен со помош на новата комбинација на хијалуронска киселина и Лидокаин – локален анестетик.
Mеста за апликација: за богат волумен на јаболкниците, назолабијални брчки, брада.